Знаме на Замбија
Знамето на Замбија е официјалното знаме на оваа африканска држава, усвоено на 24 октомври 1964. Знамето е составено од зелена заднина, каде во слободниот дел во долниот агол има три вертикални ленти во црвена, црна и портокалова боја. Над лентите има златен орел во лет. Зелената боја била променета во 1996 година, па така денес е посветла и ги симболизира природните богатства на земјата. Црвената боја ја симболизира борбата за слобода на замбискиот народ, црната го симболизира народот а портокаловата минералите. Орелот ја симболизира можноста на народот да застане над проблемите на нацијата.[1] Знамето било направено од Габриел Елисон, кој е дизајнер и за националниот грб.
Употреба | државно знаме Национален симбол на Замбија. |
---|---|
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 24 октомври 1964 |
Опис | зелена позадина со три мали ленти и орел. |
Творец | Габриел Елисон |
Останати знамиња
уредиПретседателско знаме. | Знаме на полицијата на Замбија. | Знаме на замбиското воздухопловство. | Старото знаме на Замбија. |