Знаме на Општина Другово
(Пренасочено од Знаме на Другово)
Знамето на Општина Другово било официјалното знаме на оваа македонска општина кое било усвоено со последниот статут на општината. Знамето било во употреба од 2004 до 2013.
Употреба | граѓанско знаме |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Опис | Црно знаме со црвено-жолт крст и Ѕвездата од Кутлеш во средина. |
Опис
уредиЗнамето на Општина Другово претставува православен црвен крст, обложен во златна лента на црна позадина. Во центарот на крстот е поставена златно-жолта Ѕвезда од Кутлеш, а целото знаме е обложено со златна лента. Црната основа на знамето ја претставува земјата, крстот го претставува православието а звездата ја претставува Македонија.[1]
Наводи
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Општина Другово, официјално мрежно место Архивирано на 2 јануари 2011 г.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |