Знаме на Бахамите
(Пренасочено од Знаме на Бахамски Острови)
Знамето на Бахамите е официјалното знаме на оваа карипска држава. Знаме било усвоено на 10 јули 1973 година и истото било усвоено по независноста на државата. Знамето било дизајнирано од Харвис Бејн.
Употреба | државно знаме национален симбол на Бахамите |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 10 јули 1973 |
Опис | Три хоризонтални ленти во сина, жолта и сина лента со црн триаголник од прикачената страна. |
Творец | Харвис Бејн |
Дизајн и симболика
уредиЗнамето е составено од три еднакви хоризонтални ленти во сина, жолта и сина боја. Од левата страна има црн триаголник. Црниот тригаолник ги претставува обединетоста и заложбата на луѓето на Бахамите[1] Сините ленти го претставуваат морето околу Бахамите, додека златната лента го претставува копното на Бахамите.
Историски знамиња
уредиКолонијалните знамиња на Бахамите се:
Други знамиња
уреди-
Граѓанска инсигнија.
-
Граѓански џек.
-
Поморска инсигнија.
-
Инсигнија на помошните поморски сили.
Наводи
уреди- ↑ „The Flag of The Bahamas“. The Official Website of The Government of The Bahamas. Посетено на 2008-08-16.
Надворешни врски
уреди