Знак за укажување

 

Знак за укажување
На УникодU+203B знак за укажување (HTML: ※) (комеџируши, чамгопјо)
Рачно напишано известување на јапонски. Забележете ги комеџируши-те на дното на секоја страница, пред фуснотите.

Знак за укажување или ознака/симбол за укажување „※“ ― типографска ознака или збор што е користен во кинеското, јапонското и корејското пишување.

Симболот бил користен историски за да се привлече внимание на важна реченица или идеја, како што е пролог или фуснота.[1] Како показател за белешка, ознаката служи за истата цел како и ѕвездичката во меѓународното пишување. Меѓутоа, во јапонската употреба, текстот на белешката се става директно во главниот текст веднаш по симболот „комеџируши“, наместо на дното на страницата или на крајот од поглавјето како што е случајот со меѓународното пишување.

ИмињаУреди

Јапонското име, комеџируши (јапонски: こめじるし;米印, букв. „оризов знак), се однесува на визуелната сличност на симболот со канџи за „ориз“ ().[2]

На корејски, името на симболот, чамгопјо (корејски: 参考表; 참고표), едноставно значи „знак за укажување“. Неформално, симболот често е нарекуван дангуџангпјо (당구장표; букв. „знак за билијардска сала“), бидејќи често се користи за да укаже на присуство на билијардски сали, поради неговата визуелна сличност со две вкрстени стапови и четири билијардски топки.

На кинески, симболот е наречен цанкао бјаоџи (кинески: 参考标记; букв.: „знак за укажување“) или ми шингао (кинески: 米星号; букв.: „оризова ѕвездичка“ поради неговата визуелна сличност со „ориз“). Не е користен често во кинеското пишување.

УникодУреди

Во Unicode, симболот има кодна точка U+203B reference mark (HTML: ※)

ПоврзаноУреди

  • Синхронизиран збор – „Преамбула“ на податоците за комуникациските пораки по заглавие, исто така наречен укажувачки сигнал или среден знак во безжичните комуникации.

НаводиУреди

  1. Jan M. Ziolkowski (2018). The Juggler of Notre Dame and the Medievalizing of Modernity. стр. 47. ISBN 978-1783744367. […] The Japanese komejirushi (“rice symbol”), so called for its similarity to the kanji for kome (“rice”) and used in Japanese writing to denote an important sentence or thought.
  2. Millen, John (15 април 2008). Japanese in a Flash. 2. ISBN 9781462915385.