Змејско крваво дрво
Змејско крваво дрво (науч. Dracaena cinnabari) — вид на змејско дрво, карактеристично за архипелагот Сокотра, дел од Јемен, сместен во Арапското Море. Наречено е така поради црвениот сок што го произведуваат листовите.[2]
Змејско крваво дрво | |
---|---|
Змејското крваво дрво во Сокотра | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Монокотиледони |
Ред: | Шпаргловидни |
Семејство: | Шпаргли |
Потсемејство: | Nolinoideae |
Род: | Dracaena (plant) |
Вид: | Змејско крваво дрво |
Научен назив | |
Dracaena cinnabari Balf.f. |
Опис
уредиЗмејското крваво дрво е најпознатото растение на островот Сокотра. Крошната му е со форма на чадор од густо разпоредени гранки. Како и сите други Монокотиледони, како палмите, така и змејското крваво дрво расте само од врвот на стеблото со долги (до 60 см и 3 см ширина), густо распоредени листови. Гранките се дебели и здрави и покажуваат дихотомни разгранувања – каде секоја гранка многукратно се разделува на два дела. За разлика од повеќето монокотиледони растенија кај Dracaenaceae се забележува секундарен раст. Сите листови се менуваат на секои 3 – 4 години, кога синхрознизирано созреваат новите листови. Разгранувањата обично се појавуваат кога се прекинува растот на крајната пупка поради цветни или трауматски настани (како што се оштетувања на животните што јадат растенија).
Змејското крваво дрво обично цвета околу февруари и не се разликува според местоположбата. Цветовите се доминантни на врвот на гранките. Цветовете се соцветија, кои содржат мали групи од аромични бели или зелени цветови. На месестите плодови им е потребно 5 месеци за да заврши созревањето, кои во тоа време нивната боја од зелена преминува во црвена и до портокалово црвена. Овошките испуштаат темноцрвена смола (позната како „Змејска крв"). Секој плод има помеѓу 1 и 3 семки, кои распштостануваат од птици кои ги јадат месестите плодови (обично од видот Onychognatus) и други животни. Семето е од 4 до 5 мм во пречник и тежи просечно 68 мг. Размножуването се извршува лесно и со резеници во песок.
Животниот век на дрвото може да надмине и 400 години. Необичната форма на змејското крваво дрво е адаптација за преживување во безводни услови со ниски количини на почва, карактеристични за планинските врвови. Големата и компактна крошна осигурува сенка и го намалува изпарувањето. Сенката помага и за опстанокот на садници под стари дрва, објаснувајќи зошто дрвјата имаат тенденција да растат заедно.
Статус
уредиУникатната флора и фауна на архипелагот Сокотра е заведен за дел од светското наследство од страната за светско наследство Global 200 Ecoregion[3]. Тој е центар на растителна разноликост и ендемски видови на птици. Се прават многубројни напори за создавање и поддршка на одржливи живеалишта и управување со биолошката разновидност. Змејското крваво дрво е меѓу видовите за кои се прават повеќето напори за зачувување, што исто така им користи на другите растителни и животински видови во областа. Пасењето е ограничено, се градат бариери и се избегнува изградба на патишта во областа на дрвените видови. За Змејското крваво дрво се прават садници, како и вклучувања на локалните заедници во садење садници, исто така.
Наводи
уреди- ↑ Miller, A. (2004). „Dracaena cinnabari“. The IUCN Red List of Threatened Species. IUCN. 2004: e.T30428A9548491. doi:10.2305/IUCN.UK.2004.RLTS.T30428A9548491.en. Посетено на 24 December 2017.
- ↑ Becky Chung (2009-11-04). „World's Most Unique Places To Visit“. Forbes.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-12-22. Посетено на 2018-01-08.