Зити
Зити се екструдирани тестенини, со потекло од Кампанија. Тие се обликувани во долги, широки цевки, околу 25 цм долги, кои треба рачно да се скршат на помали парчиња пред да се варат. Зити имаат сличности со букатините, но се многу подебели.[1]
Други имиња | Boccolotti, zitoni, zituane, candele, ziti candelati |
---|---|
Вид | Паста |
Земја на потекло | Италија |
Главни состојки | Дурум пченично брашно, вода |
Варијанти | букатини |
Cookbook: Зити на Викикниги
|
Зити често се полнети и печени, додека на пените, друга тубуларна тестенина, но која е претходно скратена, им се додава сос или се користат во салати со тестенини.
Зити во САД најчесто се поврзуваат со италијанско-американското јадење, печено зити, иако тие се користат и во тестенините ала Норма.
Во Сицилија традиционално се служат на свадбена гозба. Зити значи „невеста“ или „младоженец“ на сицилијански дијалект.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Ziti and Zitoni Pasta“. 3 August 2017.
- ↑ Oretta Zanini (2009). Encyclopedia of Pasta. University of California Press. стр. 315–316. ISBN 978-0-520-94471-8.