Земја на планините, земја на реките

Земја на планините, земја на реките (герм. Land der Berge, Land am Strome) е официјална државна химна на Австрија.

Land der Berge, Land am Strome
макед. Земја на планините, земја на реките
Текст и ноти на химната

национална химна на  Австрија
ТекстПаула фон Прерадовиќ
МузикаВолфганг Амадеус Моцарт
Усвоена1946 г.
Звучен извадок
инструментална верзија

Деветнаесет дена пред смртта, на 5 декември 1791 година, Волфганг Амадеус Моцарт го компонирал своето последно комплетно дело “Freimaurerkantate“ (Масонска кантата), К. 623. Кон еден дел од печатеното издание на оваа кантата била додадена и (подоцна многу познатата) "Kettenlied" (Верижна песна), К. 623a, за која се смета дека ја компонирал Јохан Холцер, член на моцартовата масонска ложа. Врз основа на оваа мелодија подоцна е испеана и австриската државна химна, за која стиховите ги напишала Паула фон Прерадовиќ[1], внука на хрватскиот поет Петар Прерадовиќ.

На 22 октомври 1946 година Земја на планините, земја на реките била прогласена за официјална австриска државна химна.

Текст

уреди

германски

Land der Berge, Land am Strome,
Land der Äcker, Land der Dome,
Land der Hämmer zukunftsreich!
Heimat bist du großer Söhne,
Volk begnadet für das Schöne,
Vielgerühmtes Österreich,
Vielgerühmtes Österreich!

Heiß umfehdet, wild umstritten,
Liegst dem Erdteil du inmitten
Einem starken Herzen gleich.
Hast seit frühen Ahnentagen
Hoher Sendung Last getragen,
Vielgeprüftes Österreich,
Vielgeprüftes Österreich.

Mutig in die neuen Zeiten,
Frei und gläubig sieh uns schreiten,
Arbeitsfroh und hoffnungsreich.
Einig laß in Bruderchören,
Vaterland, dir Treue schwören.
Vielgeliebtes Österreich,
Vielgeliebtes Österreich.

македонски

Земја на планините, земја на реките,
Земја на полињата, земја на катедралите,
Земја на чеканите, со иднина што ветува,
Ти си дом на големи синови,
Нација благословена со убавина,
Многу фалена Австријо,
Многу фалена Австријо!

За тебе имало многу кавги, остри борби,
во средината на континентот си,
како силно срце,
од најрани денови си го носела
бремето на големото послание,
страдална Австријо,
страдална Австријо.

Гледај не нас слободните,
како храбро веруваме во новите времиња,
весело работејќи и полни со надеж,
дозволи ни братски здружени
да ти се заколнеме на верност, наша татковино,
наша сакана Австријо,
наша сакана Австријо!

Наводи

уреди
  1. "History of anthems Архивирано на 27 јануари 2010 г." (англиски) www.national-anthems.org