Зелениот зрак
Зелениот зрак (француски: Le Rayon vert) iроман од фрнцускиот писател Жил Верн објавено во 1882 година и именувано по истоимениот оптички феномен. Се споменува и во 1986 година во истоимениот филм од Ерик Ромер[1].
Автор | Жил Верн |
---|---|
Изворен наслов | Le Rayon vert |
Илустратор | Леон Бенет |
Земја | Франција |
Јазик | Француски |
Серијал | Необични патувања #23 |
Жанр | Авантуристички роман |
Издавач | Пиер Жучет Зел |
Издадена | 1882 |
Published in English | 1883 |
Медиум | Print (Хардбек) |
Страници | 128 |
ISBN | 1-59224-035-6 |
OCLC | 53822776 |
Претходна | Школата на Робинзонови |
Следна | Тврдоглавиот Керабан |
Содржина
уредиХероите се обидуваат да го набљудуваат зелениот зрак во Шкотска. По бројните неуспешни обиди предизвикани од облаци, јата птици или далечни бродови што го кријат сонцето, феноменот на крајот е видлив, но хероите, наоѓајќи љубов во очите на едни со други, не обрнуваат внимание на хоризонтот[2].
Научна основа
уредиЗелени трепкања и зелените зраци се ретки оптички феномени што се појавуваат кратко по зајдисонце или пред изгрејсонце, кога зелена точка е видлива за краток временски период над сонцето, или зелениот зрак извира од точката на зајдисонце. Обично се забележува од мала височина каде што има непречен поглед на хоризонтот, како на пример на океанот. Идејата во романот дека може да се предвиди каде и кога да се набљудува зелениот зрак нема научна основа. Сепак, тие редовно се гледаат од пилотите на авионите, бидејќи тие честопати можат да го видат вистинскиот хоризонт во средината на летот, почесто кога летаат кон запад, бидејќи релативното движење на сонцето е малку побавно[3].
Наведено во филмот на Ерик Ромер од 1986 година, зелениот зрак се користи како централна слика која обезбедува значење и водич за проблематичниот главен лик на филмот, Делфин. Во книгата на Верн и во филмот се дискутира долго како „љубовна приказна од бајките“, чии протагонисти се трошат во потрага по реткиот метеоролошки феномен. Се верува дека им дава зголемена перцепција на оние што го гледаат, еден од ликовите понатаму објаснува дека „кога ќе го видите зелениот зрак, можете да ги прочитате вашите сопствени чувства и на другите“. Прифаќајќи ја оваа идеја, Делфин ја користи својата потрага по „зелениот зрак“ за да помогне да се надмине нејзиниот осакатен страв од интимност[4].
Илустрации од книгата
уредиБиблиографија
уреди- Marguerite Allotte de la Fuÿe, Jules Verne, sa vie, son œuvre, Les Documentaires, Simon Kra, 6 Rue Blanche, Paris, 1928 (w języku francuskim)
- Jean Jules-Verne, Jules Verne. A Biography, Macdonald and Jane’s, London, 1976, ISBN 0-356-08196-6 (w języku angielskim)
- Peter Costello, Jules Verne. Inventor of Science Fiction, Hodder and Stoughton, London Sydney Auckland Toronto 1978, ISBN 0-340-21483-X (w języku angielskim)
- Simone Vierne, Jules Verne, Éditions Balland, 1986, ISBN 2-7158-0567-5 (w języku francuskim)
- Brian Taves, Stephen Michaluk Jr., The Jules Verne Encyclopedia, Scarecrow Press Inc., Lanham, Md. & London, 1996, ISBN 0-8108-2961-4
- Volker Dehs, Jules Verne. Eine kritische Biographie, Artemis & Winkler, Düsseldorf und Zürich 2005, ISBN 3-538-07208-6 (w języku niemieckim)
- William Butcher, Jules Verne. The Definitive Biography, Thunder's Mouth Press, New York 2006, ISBN 978-1-56025-854-4 (w języku angielskim)
Наводи
уреди- ↑ „Le Rayon-Vert (1882), la révélation d'un phénomène atmosphérique“. Архивирано од изворникот на 2021-12-03. Посетено на 2021-09-09.
- ↑ Découvrez vos lectures de demain
- ↑ LE RAYON VERT Jules Verne[мртва врска]
- ↑ Le Rayon vert
Надворешни врски
уреди- Le Rayon vert, version audio Архивирано на 20 октомври 2021 г.
- «Зелений промінь» в Лабораторії Фантастики
- «Зелений промінь» на Bookmate.com
- Le Rayon vert, version audio Архивирано на 20 октомври 2021 г.