Зебресто печатена лента

Зебресто печатена лента, или ригесто печатена лента, ― лента за подигање на свеста за невообичаени или ретки болести и карциноми, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на невроендокрини тумори, карциноиден карцином, Елерс-Данлосови синдроми, Виплова болест и свесност за други ретки болести, рак и нарушувања. Зебрата е користена како симбол за ретки болести од околу 1940 година. Д-р Теодор Вудворд, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд[1] го користел овој поим за да ги научи студентите на основите на дијагностицирање на болеста: Кога се гледани симптомите на пациентот, подобро е да се претпостави дека тоа е вообичаена болест, а не ретка - коњ наместо зебра.[1] Националниот Ден на ретки болести е одржуван на 29 февруари, но се поместува за еден ден во непрестапните години. Овој ден бил промовиран од Европската организација за ретки болести и сега е признат ширум светот. Симболот за свесност за ретки болести е црно-бела лента со риги.[2]

Awareness ribbon with black and white zebra-style stripes

Во Соединетите Држави, Националната организација за ретки нарушувања ги изнесува на виделина ретките болести, наведувајќи и дефинирајќи повеќе од 1.200 ретки болести кои спаѓаат во зебрестата лента за подигање на свеста.[3] Една од најретките болести на листата е невроендокрините тумори; оваа дијагноза е дадена само на 2% од ракот во Соединетите Држави. Овој рак може да остане недијагностициран долго време поради тешкотиите во откривањето и дијагностицирањето.[4] Випловата болест, уште една ретка болест на списокот, е бактериска инфекција која често е мешана со други болести, која бара биопсија на желудникот или дванаесетпалечното црево во потрага по бактеријата Tropheryma Whipplei.[5] Зебрестата лентата е користена и за свесност за Елерс-Данлосовите синдроми, група генетски болести на сврзното ткиво.[6]

Денот на ретки болести

уреди

Зебресто печатената лентата е популаризирана на Денот на ретки болести,[7] исто така познат како Ден на свесноста за ретки болести, кој започнал во 2008 година.[8][9] Датумот 29 февруари е избран бидејќи е „редок ден“ поради престапната година.[10] Во годините кои не се престапни, Денот на ретките болести е одржуван на 28 февруари.[11]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Dochitect (13 април 2016). „Hearing hoofbeats: time to think zebras? | Dochitect | Medicine and Architecture Integrated. Healthcare Innovated“. Dochitect (англиски). Посетено на 2022-07-14.
  2. „Le ruban zébré, symbole des maladies rares“. La Force dmd (француски). 5 февруари 2019. Посетено на 2 мај 2023.
  3. admin. „List of Rare Disease Information“. NORD (National Organization for Rare Disorders) (англиски). Посетено на 2 мај 2023.
  4. „Understanding the Zebras of the Cancer World“. Roswell Park Comprehensive Cancer Center (англиски). Посетено на 2 мај 2023.
  5. Klochan, Christen; Anderson, Teresa A.; Rose, Dusten; Dimitrov, Rosen K.; Johnson, Raymond M. (10 October 2013). „Nearly Fatal Case of Whipple's Disease in a Patient Mistakenly on Anti-TNF Therapy“. ACG Case Reports Journal. 1 (1): 25–28. doi:10.14309/crj.2013.11. ISSN 2326-3253. PMC 4435267. PMID 26157813.
  6. EDS-F, Bitterlin (13 јуни 2017). „Zebra Ribbon“. EDS-Foundation Netherlands (холандски). Архивирано од изворникот на 2023-05-02. Посетено на 2 мај 2023.
  7. „NORD Issues New Rare Disease DayⓇ Rallying Cry: Show Your Stripes™!“. NORD (National Organization for Rare Disorders) (англиски). 16 јануари 2019. Архивирано од изворникот на 2022-07-06. Посетено на 2 мај 2023.
  8. Parisse-Brassens, Jerome (декември 2007). „29 February 2008: First European Rare Disease Day“. European Organisation for Rare Diseases. Архивирано од изворникот на 29 септември 2008. Посетено на 2 мај 2023.
  9. „History of Rare Disease Day“. National Organization for Rare Disorders.
  10. Parisse-Brassens, Jerome (декември 2007). „29 February 2008: First European Rare Disease Day“. European Organisation for Rare Diseases. Архивирано од изворникот на 23 мај 2009. Посетено на 2 мај 2023.
  11. „February 29th Is The First Rare Disease Day“. Medical News Today. 28 февруари 2008. Архивирано од изворникот на 2020-06-07. Посетено на 2 мај 2023.