Здрава исхрана е конзумирање на здрава, разновидна и по можност што помалку обработена храна. За да ги обавува дневните активности и за да биде здраво, човечкото тело има потреба од 90 есенцијални хранливи материи што се неопходни за нормален раст, развој и многу други процеси: 60 минерали, 16 витамини, 12 аминокиселини и 3 незаситени масти.

Здрава храна

Со конзумирање на различни видови на храна се добиваат сите потребни хранливи материи. Но покрај разновидноста на храната, важен е и начинот на приготвување на храната, количината на храната и нејзината содржина. За човек правилно да се исхранува потребно е да знае дека вкусната храна не е и здрава храна. Според голем број на истражувања се смета дека лек за многу болести, но и превентива за нив, ќе биде пред сè здрава и урамнотежена исхрана.

Здравата исхрана подразбира што е можно повеќе сирова храна како свежото овошје и зеленчук и помалку варена, печена или комплетно изоставување на пржена храна.

Надворешни врски

уреди