Зграда на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
Зграда на националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ — библиотечна зграда во Скопје. Зградата била свечено отворена на 27 декември 1971 година[1]. Прогласена за споменик на културата[2].
Зграда на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ | |
---|---|
Изглед на зградата на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ | |
Општи податоци | |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Координати | 41°59′52.6″N 21°26′22.4″E / 41.997944° СГШ; 21.439556° ИГД |
Почната | 1971 |
Завршена | 2009 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Петар Муличковски |
Опис
уредиЗградата е изградена во 1971 година специјално за Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски. Се наоѓа во центарот на Скопје на улицата „Гоце Делчев“ бр. 6. Објектот е пример на решение на библиотечен простор во посебни кубуси со скелет од армиран бетон и обликувани со тремови и чардаци. Се состои од По+П+1 и има корисна површина од околу 10.000 м2, со депоа и конзерваторска лабораторија (подрум), хол за промоции и изложби, работни простории (приземје), оддели и читални (кат) [2].
Во 2009 година е изградена нова зграда поврзана со старата, која се состои од сутерен, приземје и два ката и има површина од околу 3.000 м2.
Состојба
уредиСостојбата на објектот е добра.
Наводи
уреди- ↑ "Времеплов", Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 31.
- ↑ 2,0 2,1 „НУ - Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски"“. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 2017-12-08.