„Збркана сказна“роман за деца на македонскиот писател Киро Донев. Книгата е објавена во 1986 година од Редакцијата „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“, а во рамките на библиотеката „Другарче“ книга 41. Автор на дизајнот, ликовно-графичкото уредување е Франц Кулеванов а на илустрациите Мишо Рогановиќ.[1]

Збркана сказна
АвторКиро Донев
Изработувач на
корицата
Мишо Рогановиќ
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман
ИздавачДетска радост
Издадена
1986
Медиумпечатено издание

Содржина

уреди

Романот се состои од 13 глави:

  • Како се роди оваа сказна
  • Јасенка, татко ѝ и една неисполнета желба
  • Бегство
  • За најбогатиот и најсиромашен чевлар, за Баки и уште нешто
  • Несреќната стоногалка и уште понесреќниот Зузулко
  • Ни мачка вреди без кукла, ни кукла - без мачка
  • И планината тагуваше за Јасенка
  • Плашилко
  • Кај барата на глувонемите жаби
  • Повторна средба со Баки
  • Загубениот транзистор соопштува радосна вест
  • Тој што нема желби - има сè
  • Како да ја завршиме сказнава

Приказната започнува во милиционерската станица со пријавување на исчезнувањето на куклата и мачката. Потоа се враќа во времето на зародишот на проблемот, за да се распрсне напоредно на неколку места дејството кое на крајот мајсторки вешто се спои и заокружи.

Осврт кон делото

уреди

Во ова дело на Киро Донев се присутни неговите основни одлики — хуморот и досетливоста со специфичен шарм, и тоа во рамките на дадените прецизни дефиниции. Во „Збркана сказна“ авторот применува верижното раскажување во кое претходното едноставно влетува во следното. Паралено се одвиваат неколку дејствија кои се спојуваат во главната содржина. Бегството на чудните оживеани суштества, приказната за Јасенка и потрагата по бегалците во милиционерската станица, но и појавата на непознатиот писател Тој и тој, кој ја составува оваа збркана сказна, даваат динамично ии забавно четиво, кое ја одржува концентрацијата на младиот читател. Во стил на кумулативните приказни дружината во потрагата по Јасенка постепено се зголемува и станува побројна, во исто време придодава нови случки и згоди и незгоди. Интересен е пристапот на раскажување на приказна во приказна како поглавјата за За најбогатиот и најсиромашен чевлар... и Несреќната стоногалка и уште понесреќниот Зузулко.

Наводи

уреди
  1. Киро Донев, Збркана сказна- Скопје, Детска радост, 1986, Библиотека Другарче книга 41