За љубовта и другите демони

За љубовта и другите демони (шпански: Del amor y otros demonios) е роман на колумбискиот автор Габриел Гарсија Маркес, објавен во 1994 година.

За љубовта и другите демони
Македонско издание на Ѓурѓа
АвторГабриел Гарсија Маркес
Изворен наслов'Del amor y otros demonios'
ЗемјаКолумбија
ЈазикШпански
ЖанрРоман
Издадена
1994

Во прологот, Маркес тврди дека романот е фиктивно претставување на легенда што авторот ја слушнал од неговата баба како дете; легенда за 12-годишна девојка која добива беснило, но за која се верува дека е чудотворец, со долга коса која продолжува да расте и после смртта. Како инспирација на Маркес му послужило ископувањето на некоја стара гробница, при што била најдена девојка со долга црвена коса. Маријана Соланет, од друга страна, во книгата „Гарсија Маркес за почетници“ вели дека Маркес го измислил овој извор. Таа укажува на приказна во „Историја на Картагена“ на Даниел Лематр, која Маркес ја прочитал додека истражувал за романот Љубов во време на колера.

Книгата има два македонски преводи; првиот издаден во 1996 од Детска радост, и вториот во 2009 од Ѓурѓа.

Белешки

уреди
  • Соланет, Маријана. Гарсија Маркес за почетници. Њујорк: Writers and Readers, 2001.