Застава М57
Застава М57 – полуавтоматски пиштол кој во бивша Југославија го произведувало претпријатието Застава оружје (тогаш Заводи Црвена застава). Се работи за копија на советскиот пиштол Токарев ТТ-33. Пиштолот бил прифатен во 1957 година, додека масовно почнал да се произведува од 1960 година. Бил службено оружје во југословенската војска и милиција.
Застава М57 | |
---|---|
Застава М57 | |
Тип | Полуавтоматски пиштол |
Потекло | СФРЈ |
Употребна историја | |
Во служба | 1957–1992 |
Корисници | Југословенска народна армија, Виетконг, Северновиетнамска армија |
Војни | Виетнамска војна, Заливска војна, Југословенски војни |
Производна историја | |
Конструктор | Застава оружје |
Конструирано | 1957 |
Производител | Застава оружје |
Год. на производство | 1957–до денес |
Варијанти | Застава М70 |
Тех. особености | |
Тежина | 854 g |
Должина | 194 mm |
Цевка length | 116 mm |
Висина | 134 mm |
Куршум | 7,62×25mm Токарев |
Механизам | Повторно полнење со повлекување |
Почетна брзина | 480 m/s |
Делотворен дострел | 50 m |
Полнење | одделив шаржер со 9 куршуми |
Нишани | механички 156 mm должина на нишанска линија |
Техничките разлики меѓу југословенскиот и советскиот пиштол се скоро незначителни, а најзначајни се дека М57 користи шаржер со капацитет од девет, а ТТ-33 со капацитет од осум куршуми. Поголемиот капацитет на шаржерот е причина дршката на М57 да е поголема. Исто така, водилката на повратната пружина кај М57 се состои од два дела.
Визуелните разлики е многу мали, но видливи. Така советскиот ТТ-33 на кориците на пиштолот има ознака ѕвезда петокрака околу која е ознаката CCCР. Југословенската верзија има ознака ФНРЈ или СФРЈ.
Пиштолот користи муниција со калибар 7,62x25 ТТ, а Застава оружје во текот на 1970-тите години почнала да произведува сличен пиштол кој користел муниција 9x19 лугер. Станува збор за моделот Застава М70.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Застава М57“ на Ризницата ? |