Заргароромски јазик
дијалект на ромскиот јазик
Заргароромски јазик — дијалект на балканскоромскиот јазик којшто се зборува во подрачјето на селото Заргар во покраината Казвин во Иран од страна на околу 160 заргарски семејства. Говорот се зборува и во околните подрачја, како и во Авганистан и Пакистан. Тој е еден од неколкуте индоариски јазици коишто сè уште се зборуваат во Иран и се смета за загрозен јазик.[1] Заргарски потекнува од персискиот збор за „златар“ (персиски: زرگر, заргар).
Заргароромски | |
---|---|
Застапен во | Иран |
Говорници | (н.п.) |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | rmn-zar |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Baghbidi, Hassan Rezai (2003). „The Zargari Language: An Endangered European Romani in Iran“. Romani Studies. 13 (2): 123–148. doi:10.3828/rs.2003.5.