Западни Хималаи
Западни Хималаи—се однесува на западната половина на Хималаите, во северозападна Индија и северен Пакистан. Четири од петте притоки на реката Инд во Пaнџаб (Бас, Ченаб, Џелум и Рави) се издигнуваат во Западните Хималаи; додека петтата, Сутлеј го пресекува опсегот по издигнувањето во висорамнината Тибет.
Во рамките на Западните Хималаи вклучени се и венецот Занскар, венецот Пир Панџал и венецот Дауладар и западните делови од венецот Сивалик и Големите Хималаи. Највисоката точка е Нанга Парбат (8.126 метри), во северозападниот крај на регионот.
Реки
уредиНа западните падини на Хималаите течат голем број на реки. Така Реката Џелум извира од опсегот Пир Панџал во Џаму и Кашмир под управа на Индија и тече северозападно низ Долината Кашмир пред да влезе во пакистанската управа Азад Џаму и Кашмир и на крајот тече во рамнините во близина на Мирпур.