Замокот Прудник бил готски замок лоциран во Прудник, Ополско војводство, во областа на Горна Шлезија во Полска.

Историја

уреди
 
Старата Вок кула

Замокот Прудник се наоѓал во одбранбениот свиок на реката Прудник. Изграден бил во 1255 година. Основан од чешкиот витез Вок кој потекнувал од семејството Розенберг.[1]

Замокот бил уништен во 1428 година од страна на Хусите. По завршувањето на првата шлезиска војна, Фридрих Велики го обновил замокот.[2]

Целиот замок бил зафатен со пожар на 27 август 1806 година во кој замокот изгорел. Во тој пожар останала само една кула наречена „Вок-кулата“, таа е единствениот остаток од целиот замок.[2]

Наводи

уреди
  1. Weltzel, Augustin (2005). Historia miasta Prudnika na Górnym Śląsku. Opole: Wydawnictwo MS. ISBN 83-8894-560-2.
  2. 2,0 2,1 Chodkowska, Anna; Chorowska, Małgorzata. „Virtual reconstruction of the medieval castle in Prudnik“. CEJSH.

Надворешни врски

уреди