Замок Валдемар
Замокот Валдемар (дански: Valdemars Slot) — замок сместен на островот Тoсинге во близина на Свендборг во Јужна Данска.[1]
Историја
уредиЗамокот Валдемар бил нарачан од кралот Кристијан IV (1588–1648) и изграден помеѓу 1639 и 1644 година според плановите дизајнирани од архитектот Ханс ван Стинвинкел Помладиот (1587–1639). Тоа не било утврдување, туку голем велепоседнички дом. Кралот Кристијан бил добро познат по неговиот интерес за градење. Тoсинге, островот на кој Кристијан планирал да го изгради Валдермаровиот дом, и припаѓал на неговата свекрва Елен Марсвин. Тој имал намера новата палата да стане дом на неговиот син Валдемар Кристијан (1622–1656), чија мајка била Кирстeн Манк. Валдемар Кристијан никогаш не го земал имотот, бил убиен за време на една битка во Полска во 1656 година. Во 1678 година, поморскиот херој, адмирал Нилс Џуел (1629–1697) ја добил титулата на замокот и земјата на Тoсинге по неговата победа над Шведска во битката кај Коге. Имотот му бил пренесен како исплата за шведските бродови заробени во битката.[2][3]
Денес
уредиКеролин Флеминг (родена 1975 година како бароница Каролина Елизабет Ада Иуел-Брокдорф, во замокот Валдемар) е данска благородничка, претприемач, модел и ТВ лице; таа е моментална сопственичка на замокот Валдемар од 2003 година. Таа е 11-та генерација на семејството Џуел.
Претходна сопственост
уредиПретходниот сопственик, баронот Нилс Крабе Иуел-Брокдорф, кој е 10-та генерација на семејството Џуел, го презел својот дом од својот татко во 1971 година и живеел во замокот со сопругата и семејството до неговата смрт на 20 јануари 2017 година. Замокот Валдемар е отворен за јавноста од 1974 година. Замокот е отворен од мај до октомври и на државни празници. Се одликува со голема капела, музеј на играчки, голема колекција трофеи од дивеч на семејството Иуел-Брокдорф и локален поморски музеј. Тој е блиску до брегот, и многу посетители патуваат од Свендборг користејќи го ветеранскиот ферибот Хелге.
Галерија
уреди-
Порта
-
Павилјон за чај
-
Градина зад црквата
-
Цртеж од 1872 година
Панорами
уредиНаводи
уреди- ↑ „Valdemars Slot“. Danske Herregaarde. Посетено на 1 August 2020.
- ↑ „Hans van Steenwinckel d.y.“. Den Store Danske. Посетено на 1 August 2020.
- ↑ „Valdemar Kristian“. Nordisk familjebok. Посетено на 1 August 2020.