Закон за авторското право на САД
(Пренасочено од Законот за авторски права на САД)
Законот за авторски права во САД е дел од Федералното право и е дел од Американскиот устав. Моќта за заштита на авторските права е гарантирана во Член 1, оддел 8, клаузула 8.
Историја
уредиКонгресот на САД за првпат ги воведува авторските права со Актот од 1790 година. Овој акт им обезбедува на авторите права врз публикација на нивните мапи, скици и книги, за временски период од 14 години, со право на продолжување, на уште 14 години доколку авторот е сѐ уште жив. Актот не регулирал музички композииции, дневни весници или твроби на странски автори.
Авторското право е изменето честопати за да го придружува развојот на технологијата, како што е снимањето на звукот, но и зголемување на периодот на заштита на правата.