Законодавство на Иран

Законодавството на Исламската Република Иран (персиски: قوه مقننه جمهوری اسلامی ایران) се состои од два дела, еднодомна[1] парламентарна комора наречена Исламско советодавно собрание (Меџлис) и рецензиона власт, Гардискиот совет на Уставот кој е помоќен.[2]

Според член 93 од Уставот на Исламската Република Иран, Парламентот воглавно нема правен статус без истовремено постоење на Советот. Како последица на тоа, постоењето на Советот е предуслов за ефикасност на законодавната власт бидејќи сите предлог-закони усвоени од Парламентот треба да бидат доставени до Советот за да се донесат.[2] Советот има овластување да стави вето на нацрт-законот доколку најде дека е несоодветен со шеријатот и уставот.[2]

Во случај Собранието и Советот да спорат за блокиран предлог-закон и да одбијат да прифатат ставови меѓусебно, предлог-законот се доставува до Советот за целесообразност, создаден за решавање на судирите. Нејзините членови ги именува Врховниот водач.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Barrington, Lowell (2012). „Iran“. Comparative Politics: Structures and Choices. Cengage Learning. стр. 189. ISBN 978-1111341930.
  2. 2,0 2,1 2,2 Grote, Rainer; Röder, Tilmann (2012). Constitutionalism in Islamic Countries: Between Upheaval and Continuity. Oxford University Press. стр. 281–4. ISBN 978-0199759880.