Забивака (руски: Забива́ка; превод македонски: Стрелец) е официјалната маскота на Светското првенство во фудбал 2018 кое ќе се одржи во Русија. Маскотата официјално била претставена на 21 октомври 2016 година и симболизира антропомофрен волк со кафеаво и бело крзно, бело-сина маица со натпис -{RUSSIA}- 2018, црвен шорц и портокалови спортски очила. Комбинацијата од сино-белата маица и црвениот шорц претставува комбинација од националните бои на земјата домаќин Русија. Дизајнер на маскотата била студентката Екатерина Бочарова, а нејзиниот предлог бил изабран преку гласање на интернет.

Забивака, официјалната маскота на Светското првенство во фудбал 2018.

Избор

уреди

Резултатите од изборот биле објавени на 22 октомври 2016 година во емисијата Вечерний Ургант на првиот канал во Русија. Волкот по име Забивака освоил 53% од гласовите, со што се нашол на првото место на листата испред Тигарот (27%), додека Мачката била на трето место со 20% гласови. Повеќе од милион луѓе учествувале во гласањето кое било одржано во текот на септември 2016 године на платформите на ФИФА, како и во текот на директниот пренос на споменатата емисија каде биле објавени резултатите од ова креативно натпреварување.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. FIFA (21. 10. 2016). "Wolf chosen as 2018 FIFA World Cup Official Mascot and named Zabivaka". Соопштение за печат.  посет. 27. 4. 2018. г „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-10-22. Посетено на 2022-10-01.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Фулеко
Маскоти на светските првенства во фудбал
Забивака

2018
Наследник
TBA