Жолчна гулапка

вид печурка

Жолчна гулапка (науч. Russula fellea) — печурка од родот Гулапка.Има боја на слама или мед и во Британија расте во букови шуми во текот на есента. Не може да се јаде.

Жолчна гулапка
Научна класификација [ у ]
Царство: Габи
Оддел: Столпчести габи
Класа: Агарикомицети
Ред: Гулапковидни
Семејство: Гулапки
Род: Гулапка
Вид: Жолчна гулапка
Научен назив
Russula fellea
(Fr.) Fr.

Таксономија

уреди

Првпат била опишана и именувана во 1821 година од шведскиот миколог Елиас Магнус Фрис, првично како Agaricus felleus, пред да биде сместен во родот Гулапка во 1838 година. Неговиот специфичен епитет е изведен од латинската придавка felleus што значи „жолчка“, во однос на неговиот горчлив вкус, кој потсетува на жолчката.

Опис

уреди

Шапката е обично 4–9 cm широка, и конвексена, израмнета подоцна и често со широк централна вдлабнатина. Понекогаш е избраздена на маргините кога е зрела. Слично обоените, но побледи дршки се цврсти и витки и се 2–6 cm висина од 1–2 cm широки. Ливчињата се прикачени и се со иста боја како дршката, што дава отпечаток од спори кој е бел до бледо крем. Месото е бело и не ја менува бојата при сечење. Вкусот е лут,[1] и често има горчлив вкус. Различно е пријавено дека мирисот личи на здравец,[1] или сос од јаболка.[2]

Распространетост и живеалиште

уреди

Жолчната гулапка се појавува наесен, а се среќава со бука во Британија, но во Европа понекогаш се јавува и со смрека. Нормално е поврзан со добро исцедени кисели почви и е широко распространет во северните умерени зони; Британија, Европа и Азија. Не е присутен во Северна Америка каде што е заменет со тесно сродната R.simillima.[3] Расте во листопадни и четинарни шуми.

Јадливост

уреди

Оваа печурка не се јаде, има многу лут горчлив вкус.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Roger Phillips (2006). Mushrooms. Pan MacMillan. стр. 42. ISBN 0-330-44237-6.
  2. Lamaison, Jean-Louis; Polese, Jean-Marie (2005). The Great Encyclopedia of Mushrooms. Könemann. стр. 41. ISBN 3-8331-1239-5.
  3. Thomas Laessoe (1998). Mushrooms (flexi bound). Dorling Kindersley. ISBN 0-7513-1070-0.

Надворешни врски

уреди