Жолт поштар
Жолтиот поштар (Colias croceus) е пеперуга од семејството на пеперуги Белци.[2] Пеперугата ја има и во Македонија.
Жолт поштар | |
---|---|
Мажјак, долен дел | |
Женка | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Colias |
Вид: | Жолт поштар |
Научен назив | |
Colias croceus (Geoffroy, 1785) | |
Синоними[1] | |
Список
|
Подвидови
уреди- Colias croceus croceus
- Colias croceus f. deserticola (Верити, 1909)
- Colias croceus f. helice (Хибнер)[3][4]
- Colias croceus f. helicina (Обертир, 1880)[5]
- Colias crocea f. mediterranea (Штаудер, 1913)
-
Colias croceus croceus ♂
-
Colias croceus croceus ♂ △
-
Colias croceus f. helice ♀
-
Colias croceus f. helice ♀ △
Сите овие напоменати форми се сметаат за синоними на жолтиот поштар.[1]
Распространетост
уредиЖолтиот поштар е еден од најраспространетиот вид во Европа. Пеперугата се наоѓа во Северна Африка, голем дел од Европа, а во Азија живее до Сибир. Ја нема во Источна и Средна Азија.[2][6]
Оваа пеперуга е позната по својата миграција низ Европа и околните региони, особено по масовната миграција, најчесто при парење.
Живеалиште
уредиОвие пеперуги живеат во отворени простори, ливади, крајбрежни сртови и полиња. Пеперугата живее на надморска височина до 1600 метри.[4][7]
Опис
уредиЖолтиот поштар има распон на крилјата од 46 до 54 мм.[7][8] Горниот дел на крилјата е во жолта боја со црни маргини на сите крилја. Често кога мирува крилјата се затворени и тешко може да се види црната маргина.[4]
Долниот дел на крилјата нема црни маргини и е во посветла боја. Предниот дел на крилјата имаат бела дамка. Женките,за разлика од мажјаците, имаат жолти точки по црната бордура на горната страна на крилјата.
Младите гасеници се жолто-зелени со црни глави. Подоцна тие стануваат темно-зелени. Куклите се зелени и имаат жолта линија.[9]
Животен циклус
уредиВозрасните единки летаат од март до октомври.[7] Во Јужна Европа и Северна Африка тие се парат во континуитет низ целата година. Јајцата се полагаат на растение. Една женка вообичаени полага до 600 јајца.[4]
Во топли предели гасениците растат брзо, а понекогаш стануваат кукли за време на еден месец. Куклата се развива од две до три седмици и во добри години има до три генерации годишно.[4]
Ларвите се хранат со растенијата: Trifolium pratense, Medicago sativa, Medicago lappacea, Medicago hispida, Medicago polymorpha, Medicago sulcata, Vicia, Lotus, Onobrychis, Astragalus, Colutea arborescens, Hippocrepis, и Anthyllis.[2]
Галерија
уреди-
Мажјак
-
Женка
-
Парење
-
Мажјак (горе), женка (доле)
Поврзано
уреди- Asher, Jim; Warren, Martin; Fox, Richard; Harding, Paul; Jeffcoate, Gail & Jeffcoate, Stephen (2001): The Millennium Atlas of Butterflies of Britain and Ireland. Oxford University Press. ISBN 0-19-850565-5
- Evans, W.H. (1932). The Identification of Indian Butterflies (2. изд.). Mumbai, India: Bombay Natural History Society.
- Wynter-Blyth, Mark Alexander (1957). Butterflies of the Indian Region. Bombay, India: Bombay Natural History Society. ISBN 978-8170192329.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „GBIF“. Архивирано од изворникот на 2017-02-15. Посетено на 2020-03-06.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Funet
- ↑ C. c. helice at Biolib
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 UK Butterflies
- ↑ C. c. helicina at Biolib
- ↑ „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2020-03-06.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide Архивирано на 21 јули 2019 г.
- ↑ Svenska fjärilar
- ↑ „Naturkundliches Informationssystem“. Архивирано од изворникот на 2017-02-15. Посетено на 2020-03-06.
Надворешни врски
уреди„Жолт поштар“ на Ризницата ? |
- Ларви на северноевропските пеперуги Архивирано на 21 јули 2019 г.
- Paolo Mazzei, Daniel Morel, Raniero Panfili Молци и пеперуги на Европа и Северна Африка