Жив оган претставува еден од најсилните и најмистични митолошки обреден елемент во цел на чистење од зли натприродни сили, како исцелувачка и апотропејна сила. Терминот жив оган е во врска со прастарото верување во маѓијските моќи и неговиот култен значај. Терминот се доведува во врска и со претпоставка дека во митолошкото минато огнот бил прифаќан како живо, натприродно битие.

Видови на жив оган

уреди

Огромен значај и улога на огнот кај древните народи огнот го поставила на посебно место. Палење на огнот, посебно жив оган бил митолошки елемент во голем број ритуали. Таквите обредни огнови можат да се поделат во две основни групи: пригодни, наменски огнови и периодични огнови.

  • Пригодни огнови се палени во посебни, независни пригоди според потреба на поединецот, семејството или поголемиот колектив.

Забележени се палења на жив оган по повод на раѓање (кај семејствата на кои им умирале децата, или по раѓње на машко дете по многу женски деца; како апотропеон на свадбите; и како заштита од влијание на смртта (повеќе членови од исто семејство, трагични настани, заштита од смртта и злите влијанија при самоубиство на членот на заедницата).

Семејните прилики за палење на жив оган биле поврзани со градба на новите домовите, вселување или преселување.

Најзначајните биле колективни огнови при чие „вадење“ (палење) учествувало целото население. Таквите огнови се палени во време на големи епидемии меѓу луѓето, но и при масовни епидемии и истребување на добитокот. Еден од апотропејните обреди за заштита на добитокот на широко бил распространет на балканот: поминува сиот добиток низ з таа пригода изграден тунел, (ров) на чиј крај е запален оган. Од двете страни на пролазот стоеле луѓе кои со нагорени гранки ги буцкале животните (ги обележувале со гар) со цел на превентивна заштита од заболувања, уроци и злите натприродни битија.

  • Периодични огнови се палеле со определени временски размаци, бидејќи нивната практика била обреден елемент на определените празници. Палење на жив оган најчесто било сврзано со зимските и пролетните празници. Како посебно значајни и територијално проширени палењаоган биле поврзани со Бадник и Иванден. Огнот сврзан со Бадник е типично сеемеен обред и неговата улога е да го заштити и да му донесе здравје и среќа на семејството. ИИванденски оган е обреден за целото населенно место, пропратен е со богата разноличност на обредни елементи, општа веселба и посебна радост и забава за младите. Ќивиот оган кој се палел на Иванден младите го прескокнувале, а лужето носеле жар од него за да го запалат домашниот оган во огништето внесувајќи ја силата на живиот оган во домот.

Интересно е дека двата огни пртставуваат блиска врска со движењео на Сонцето и врзани се со најкусите денови на зимскиот солстициум и најдолгите на летниот солстициум.

Палење на живиот оган

уреди

Најраспространетиот начин за палење (вадење) на жив оган било триење на две суви дрвца, но исто така се палел и со удирање на две камчиња, со удирање на чекан по наковална (ваков вид на оган се нарекувал и железен оган), но и дрвото кое што се запалило од удар на громот се сметал за жив оган.

За палење на жив оган се обезбедувале посебни услови, со придржување на древни зконитости. Вадење на жив оган се првело ноќе глуво доба, поретко непосредно пред изгрејсонце. Во време на изведување на обредот присутните молчеле. Во некои краишта учесниците во обредт биле расоблечени. Според правилата огнот го палеле две лица: близнаци, едноденци (личности родени во истиот ден), лица со исти (слични) имиња, или доколку немало такви, невини млади (машко и женско). Палачи на огнот една недела пред обредот биле подвргувани на строги правила на чистење на духот.

Носење на тој оган во домовите симболично го поддржувал верувањето дека огнот е жив, бидејќи огнот во огништето никогаш не се гасело, сè до денот на палење на нов жив оган, пред чиј обред сите огништа во селото биле гасени и чистени. Случајно гаснење на огништето се сметало за предзнак на големо зло. Огнот се гасел само во случај на смртта на некој од домашните.[1]

Наводи

уреди
  1. Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр. 122.