Живојин Глишиќ (Скопје, 27 јули 1954) — македонски музички работник и универзитетски професор.[1][2]

Животопис

уреди

Музичкото училиште го завршил во родниот град, а дипломирал на ФМУ-Скопје, оддел музичка теорија и педагогија и оддел композиција, во класата на професорот Томислав Зографски. Работи на ФМУ како редовен професор. Пишува композиции од областа на сериозната музика, џезот, а се занимава со аранжирање на повеќе музички жанрови. Добитник е на награда за најдобро обработена традиционална тема на смотрата на Биг Бенд оркестри 1989 година во Раденци, Словенија за композицијата “Со маки сум се родила” и 21 награда за најдобар аранжман на фестивалите од областа на популарната музика, фолк фестивалите и детски фестивали.

Наводи

уреди
  1. Македонија. Матица на иселениците. 1992.
  2. „Музичка работилница "Џез-импровизација". Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-07-27.

Надворешни врски

уреди