Животот на Пи (филм)
„Животот на Пи“ (англиски: The Life of Pi) е американски филм во режија на Анг Ли (Ang Lee) по сценариото на Дејвид Маги (David Magee), засновано врз истоимениот роман Јан Мартел (Yanna Martel). Главните улоги ги толкуваат: Сураџ Шарма (Suraj Sharma), Ирфан Кан (Irrfan Khan), Рејф Спол (Rafe Spall), Адил Хусаин (Adil Hussain) и Жерар Депардје (Gérard Depardieu). Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во 11 категории, а освоил четири награди, меѓу кои и оние за најдобар режисер и за најдобри визуелни ефекти.[1] Исто така, филмот бил номиниран за наградата „Златен глобус“ во три категории при што ја освоил наградата за најдобра музика.[2]
Содржина
уредиВо филмот се прикажуваат доживувањата на младиот Пи, кој по еден бродолом се спасува на мал чамец, но мора да го дели друштвото со единствениот друг преживеан - страшниот бенгалски тигар. Тие двајца со текот на времето се спријателуваат и одат на епско патување, исполнето со авантури.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Спектакуларна авантура во друштво на бенгалски тигар“, Антена, бр. 804, 22.11.2013, стр. 3.
- ↑ HRT, Pijev život, američko-tajvansko-britansko-kanadski film (пристапено на 30.10.2021)
- ↑ „Спектакуларна авантура во друштво на бенгалски тигар“, Антена, бр. 804, 22.11.2013, стр. 3.