Животот на Гнор

Животот на Гнор (руски: Жизнь Гнора) - расказ на рускиот писател Александар Грин од 1912 година.

СодржинаУреди

Расказот се состои од шест дела во кои е опишана судбината на главниот јунак, Гнор, момче на давесетгодишна возраст кое штотуку започнало љубовна врска со убавата девојка Кармен. Едно утро, него го разбудува женски крик и тој излегува во салонот на куќата во која живее под кирија, каде го среќава неговиот пријател Ениок (кој, исто така, е вљубен во Кармен). Следниот ден, и Гнор и Ениок треба да отпатуваат на различни места и Ениок го кани Гнор да му се придружи на неговата јахта. Гнор ја одбива понудата, но малку потоа тој и Ениок играат билијарd при што Гнор ја губи играта. Според претходниот договор, губитникот Гнор мора да му се придружи на Ениок на неговото патување. Така, утредента тие поаѓаат на пат, а цело време Гнор мисли на саканата Кармен. Кога пристигаат во близината на еден пуст остров, Ениок му кажува на гнор измислена приказна дека на островот живее еден осамен човек кому треба да му однесе животни намирници. Гнор не се сомнева во ништо, но кога пристигнуваат на островот, Ениок го остава Гнор таму. Така, Гнор останува присилно да живее на пустиот остров цели осум години. За среќа, еден брод доживува несреќа во близината на островот и морнарите го земаат Гнор на бродот. По некое време, Гнор влегува во станот на Ениок, кој останува шокиран од неочекуваната средба. Тој и Гнор влечат карти и губитникот Ениок треба да изврши самоубиство. Сепак, тој се премислува и излегува да прошета низ градот, каде здогледува група месни жители, собрани во верска процесија. Ениок им го крши тотемот и тие го тепаат до смрт. Потоа, Гнор ја посетува Кармен и паѓа во нејзината прегратка, ветувајќи си верност до крајот на животот.[1]

НаводиУреди

  1. Aleksandar Grin, Pacolovac. Beograd: Rad, 1979, стр. 36-76.