Живиот труп (руски: Живой труп ) — руска драма од Лав Толстој.[1] Иако напишана околу 1900 г., објавена е по неговата смрт - Толстој го сметал делото како недовршено. Драмата веднаш доживеала успех, и сè уште се изведува.

Живиот труп
Константин Станиславски
како принц Абрезков на премиерата во
Московскиот уметнички театар во 1911.
АвторЛав Толстој
Изворен насловЖивой труп
ЗемјаРусија
Јазикруски
Жанрдрама

Содржина

уреди

Главниот лик во драмата, Федор Протасов, го мачи мисла дека неговата сопруга Лиза не одлучила дефинитивно кого сака, дали него или Виктор Каренин. Сака да се убие, но нема сила за тоа. Бегајќи од дотогашниот живот, се здружува со Цигани, и има интимна врска со Маша - циганска пејачка. Родителите на Маша не ја одобруваат врската, па тој бега и од овој живот. Повторно пробува да се самоубие, и пак нема сила; неговата пропаст продолжува.

Во меѓувреме, неговата сопруга, мислејќи дека е мртов, се мажи за друг. Кога ќе го пронајдат Протасов, Лиза е обвинета за бигамија, и е обвинета дека го организирала исчезнувањето на нејзиниот сопруг. Тој на суд сведочи дека Лиза немало шанси да знае дека е жив; а кога судијата ќе пресуди дека Лиза мора или да се откаже од новиот сопруг или да биде протерана во Сибир, Протасов се застрелува. Во хистерија, Лиза изјавува дека отсекогаш го сакала Протасов.

Премиера и изведби

уреди

Претставата е премиерно изведена во Московскиот уметнички театар, на 5 октомври 1911 (23 септември по стар календар),[2] во режија на Владимир Немирович-Данченко, а корежисер бил Константин Станиславски.[3] Веднаш потоа била изведена и во Санкт Петербург. Набрзо преведена на многу јазици, се изведувала и во Берлин, Виена, Париз и Лондон.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. The title of the play has also been translated as The Man Who Was Dead, Redemption, and Reparation.
  2. Benedetti (1999, 387).
  3. Benedetti (1999, 207).