Жива слика
Жива слика (француски: tableaux vivants) — вид на пантомима, композиција и претстава којашто прикажува слики и скултури преку живи личности. Овој вид на уметнички стил се појавил кон крајот на 18 век. Живите слики всушност не се поединечни дела, туку групни слики. Почнувајќи од 18 век, живите слики кои прикажувале сцени од Стариот завет станале дел од изведбите во велигденските претстави. Во 19 век, тие зазеле средишно место на театарската сцена, како и на дворските и буржоаски претстави. Тие станале составен дел на воените паради, како и на сценските и општествените танци. Особено значење при изведбата на живите слики имало осветлувањето и придружната музика. Во 1900 година, финскиот композитор Јан Сибелиус ја компонирал симфониската поема „Финландија“, којашто била наменета како придружна музика за изведба на живи слики. Живите слики, пред сè, се користат за да прикажат јасен завршеток на движечките изведби. Во театарската уметност во 19 век, често се среќавала група на глумци чија изведба била без движење за време на спуштањето на завесата.
Историја
уредиПојава
уредиВо Мејеровиот енциклопедиски речник како откривачка на живата слика се споменува Мадам Жанлис, која била воспитувачка на децата на Грофот од Орлеан. Со цел да ги занимава и воспитува најмладите, таа изведувала живи слики и притоа се служела со делата на сликарите Жак Луј Давид и Жан Батист Изабеј. Попозната по изведбата на живи слики била Ема Хамилтон. Нејзината способност да заземе разни пози, да го менува изразот на лицето, да ги истакне своите живи слики преку игра со шамија биле модел за творештвото на уметникот Џор Ромни.[1]:31. Свои изведби преку кои ги прикажувала античките уметнички творби Ема имала на богатите куќи и во аристократските салони. Јохан Волфганг фон Гете, посетувајќи го домот на британскиот амбасадор во Неаполското Кралство Лордот Хамилтон во 1787 година, една таква претстава опишал во своето дело „Патување низ Италија“. Слични изведби вршела и глумицата Хенриета Хендел-Шиц. Францускиот фотограф Олимп Агвадо во првата половина на 1860-тите создавал живи слики во аристократските и буржоаски кругови, на кои бил прикажан заедно со своето семејство, но истите никогаш не биле објавени.[2]
Ревии
уредиНа почетокот на 20 век, живите слики добиле големо значење, затоа што тие започнале да се изведуваат во ревии од страна на голи глумци, како што била на пример Олга Дезмонд.
Живи статуи
уредиВо денешно време, живите слики претставуваат уметнички облик на живите статуи, кои обично се изведуваат од страна на уличчни уметници или како изведби на фестивали, саеми и слични настани. Нивната атрактивност се состои од невообичаената способност на изведувачот долго време да се задржи во неизменета положба без покажување никакви емоции, којашто понекогаш може да биде нарушена со изненадувачки и често ненадеен контакт со публиката (пр. намигнување со окото). Ваквите изведби се обично поединечни, при што учеството на повеќе лица се смета за исклучок.
Галерија
уреди-
Жива слика во изведба на уметничкото здружение Малкастен од Диселдорф во 1866 година
-
Жива слика којашто прикажува откопување злато во Парамарибо во 1892 година
-
Жива слика во Тропскиот музеј во Амстердам
-
План за изведба на жива слика на група отпечатен во режиска книга од 1841 година
Поврзано
уредиНаводи
уредиЛитература
уреди- Ramos, J.; Pouy, L. (2014). Le tableau vivant ou l'image performée. Paris: Mare & Martin/INHA. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - Greenberg, C. (2003). „Modernist Painting“. Во Harrison, C; Wood, P (уред.). Art in Theory 1900-2000. Oxford: Blackwell Publishing. Занемарен непознатиот параметар
|orig-date=
(help) - Kracauer, S. (1960). Theory of film: The Redemption of Physical Reality. Princeton New Jersey: Princeton University Press.
- Joanna Barck: Hin zum Film – Zurück zu den Bildern. Taleaux Vivants: „Lebende Bilder“ in Filmen von Antamoro, Korda, Visconti und Pasolini. Bielefeld: Transcript Film 2008. ISBN 389942817X.
- Sabine Folie, Michael Glasmeier: Tableaux vivants. Lebende Bilder und Attitüden in Fotografie, Film und Video, (Ausstellungskatalog) Kunsthalle Wien, 2002.
- Kirsten Gram Holmström: Monodrama, Attitudes, Tableaux vivants. Studies on Some Trends of Theatrical Fashion 1770-1815. Uppsala: Almquist & Wiksell 1967.
- Philine Helas: Lebende Bilder in der italienischen Festkultur des 15. Jahrhunderts, Berlin: Akademie-Verlag 1999 (Zugleich Dissertation Berlin, Humboldt-Universität 1997), ISBN 3-05-003408-4.
- Birgit Jooss: Lebende Bilder. Körperliche Nachahmung von Gruppenbildern in der Goethezeit. Berlin: Reimer 1999. ISBN 3496011971.
- Birgit Jooss: Tableaux und Attitüden als Inspirationsquelle inszenierter Fotografie im 19. Jahrhundert, In: Rollenbilder – Rollenspiele, hrsg. von Toni Stooss und Esther Ruelfs, München: Hirmer 2011, S. 14–39. ISBN 978-3-7774-4221-1.
- Edmund Wallner: Vierhundert Sujets zu lebenden Bildern. […] 2 Bde. Erfurt: Bartholomäus 1876-81. (Gruppenbuch).
Надворешни врски
уреди„Жива слика“ на Ризницата ? |