Неаполско Кралство
Кралство Неапол (латински: Regnum Neapolitanum; италијански: Regno di Napoli), исто така познато како Кралство Сицилија, — држава што владеела со делот на италијанскиот полуостров јужно од Папската Држава помеѓу 1282 и 1816 година. Основана е со сицилијанската војна (1282–1302), кога островот Сицилија се побунил и бил освоен од Круната на Арагон, станувајќи посебно кралство наречено и Кралство Сицилија. Во 1816 година, таа повторно се обединила со островот Сицилија за да го формира Кралството на двете Сицилии.
Кралство Неапол | |
---|---|
1282–1799 1799–1816 | |
Главен град | Неапол |
Говорени јазици | Латински Италијански Неаполитански |
Уредување | Кралство |
Крал | |
• 1282–1285 | Карло I Анжујски (прв) |
• 1815–1816 | Фердинанд I од Двете Сицилии (последен) |
Историја | |
• Основана | 1282 |
8 декември 1816 | |
Територијата на Кралството Неапол одговарало на сегашните италијански региони Кампанија, Калабрија, Апулија, Базиликата, Абруцо, Молизе и вклучувало и некои области на денешниот јужен и источен Лацио.