„Жед“ (српскохрватски: Žeđ) — југословенски тв-филм од 1969 година, во режија на Јоаким Марушиќ, снимен по сценариото на Крешо Новосел, засновано врз истоимениот расказ на Иво Андриќ. Монтажата ја направила Живка Топлак, директор на фотографијата е Миливој Вижинтин, а музиката е дело на Миљенко Прохаска. Улогите ги играат: Вања Драх, Ива Марјановиќ, Угљеша Којадиновиќ, Слободан Алигрудиќ, Вјенцеслав Капурал, Крунпо Валентиќ, Дамир Мејовшек и Саша Биндер.[1]

Синопсис уреди

Дејствието се одвива во 1878 година за време на австроунгарската окупација на Босна и Херцеговина. Заповедникот на жандармериската станица во Соколац добива задача да го уништи ајдучкото движење во тој крај. Заповедникот бара од уапсениот водач на ајдуците (кој е ранет) да ги предаде другарите, а кога тој одбива, наредува да го мачат со жед. Младата сопруга на заповедникот, која штотуку е дојдена од градот, тешко го поднесува мачењето на ајдукот кој е затворен во подрумот на нивната куќа...

Наводи уреди