Жарко Јакимовски (Скопје, 1948) — еден од најзначајните современи македонски уметници. Неговото творештво создавано низ 50-годишната кариера припаѓа на врвното светско сликарско наследство, со вкрстени гени од вечните достигнувања на европското и светското сликарство до средновековните мајстори на фреската од Нерези, Курбиново и Охрид.[1]

Жарко Јакимовски

Кариера

уреди
 
Сув пастел од сликарот Жарко Јакимовски

По враќањето од Љубљана каде во 1974 дипломирал на Академијата за ликовни уметности, Јакимовски низ европските уметнички метрополи и македонските манастири го продолжил своето постојано истражување базирано врз искуствата собирани од делата на големите мајстори, во потрага по сопствен израз.[2] Од студиските престои во Холандија, Франција, Германија, Италија, една од клучните улоги во формирањето на неговиот светоглед одиграл Париз; каде, како што раскажува Јакимовски, деновите ги минувал кај делата на Жерико, а вечерите кај оние на Пикасо. Оттука му потекнува метафизичката врска со монументалното дело на Жерико, Сплавот на „Медуза“, на кое подоцна често реферира низ своето творештво.

Изразот на Јакимовски е поврзување меѓу македонската (византиска) традиционална иконографија и европската класика преку барокот, импресионизмот и кубизмот. Самиот ја истакнува клучноста на цртежот во неговиот мисловно-ликовен процес.

Жарко Јакимовски досега реализирал дваесетина самостојни изложби, учествувал на голем број групни изложби, освоил значајни награди. Вбројан е во „Македонската антологија на ликовната уметност“[3] објавена од Музејот на современата уметност (Скопје).

Самостојни изложби

уреди

Почнувајќи со самостојните изложби во 1976 во Галеријата на тогашната институција Дом на младите „25 мај“ (денешен МКЦ) во Скопје, Жарко Јакимовски имал свои изложби и низ други градови, како во Виена, во Суботица, Југославија (1981 г,), Зрењанин, Охрид, Штутгарт, и други места.

Во 2021 во Музеј на Град Скопје и во 2022 година во Ликовниот салон на МАНУ одржани се негови ретроспективни изложби.

Награди

уреди

Жарко Јакимовски е добитник на бројни награди, меѓу кои:

  • Награда за цртеж „Климент Охридски“, ДЛУМ, Скопје во 1978,
  • Награда за сликарство „Лазар Личеноски“, ДЛУМ, Скопје во 1979,
  • Откупна награда на VII триенале на југословенски цртеж, Сомбор во 1981,
  • Награда за сликарство „Млада генерација 4“, Скопје во 1982,
  • Награда за сликарство „Нерешки мајстори“, ДЛУМ, Скопје во 1988,
  • Гран при на ДЛУМ на IV зимски салон, Скопје во 1995.

Наводи

уреди
  1. „Уметници“. hArt. Посетено на 2024-06-10.
  2. Hart.mk
  3. „Македонската антологија на ликовната уметност“