Еуа (тонгански: ʻEua) е остров во Тонга. Островот се наоѓа во непосредна близина до главниот остров на Тонга, Тонгатапу, но претставува засебна административна единица. Вкупната површина на островот е 87,44 км2 и според податоците од 2021 година имал населние од 4.903 жители.

Еуа
ʻEua
Географија
МестоТихи Океан
Координати21°23′S 174°56′W / 21.383° ЈГШ; 174.933° ЗГД / -21.383; -174.933
АрхипелагТонга
Вкупно острови2
Поголеми острови1
Површина87,44 км2
Највисоко место312 м
Највисока точкаФунга Фонуа
Држава
Тонга
ВакаутKVL
Најголема населбаОхонуа
Демографија
Население4,903[1] (2021)
Густина60,04 /km2 (15.550 /sq mi)
Етнички групиТонганци

Географија

уреди

Еуа е остров во брдест релјеф, каде највисоката точка е Темоа со надморска висина од 312 метри, а по оваа точка е Вајангина со 305 метри надморска висина. Овој остров не е од вулканско потекло, туку е издигнато копно како резултат на тектонски судири на тонганската и тихоокеанската плоча. Поради тоа, островот бил издигнат над водата, а веднаш до островот се наоѓа тонганскиот ров кој има длабина од 7 километри. Горните слоеви на островот се со почва од вулканско потекло, што пак е влијание од околните вулкани, а подолните слоеви на островот се карпи. На островот има голем број пештери и дупки и добар дел од нив не се целосно истражени.

Еуа и Ниуатопутапу се единствените острови во Тонга кои имаат постојани потоци. Пред да се изгради мостот во Вавау, Еуа бил дом на единствениот остров во државата.[2] Потокот се влева во морето во близина на административниот центар на островот - Охонуа. На островот оперира и локален аеродром.

Административна поделба

уреди

Островот е поделен на два округа:

  • Еуа Мотуа („Стара Еуа“), северниот дел од островот, кој опфаќа шест села и население од 2,771 жители.
  • Еуа Фоу („Нова Еуа“), јужниот дел, кој опфаќа девет села и население од 2,132 жители.

Деветте села во јужниот округ се всушност доселеници од островот Ниуафоу во 1946. Поради вулканска ерупција, луѓето го напуштиле островот и се доселиле во Еуа и новосоздадените села ги именувале исто како деветте стари села во Ниуафоу. Поради овој факт и округот се именува како „нов“.

Во „стариот“ округ се луѓе од Еуа, освен жителите во селото Коломаиле, кои пак се доселеници од островот Ата од 1893 година. Ата е најјужниот остров на Тонга и кога островот бил мета на трговија со робови, луѓето пребегнале на Еуа.

Југозападно од Еуа се наоѓа островчето Калау.

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1976 4,486—    
1986 4,393−2.1%
1996 4,934+12.3%
2006 5,206+5.5%
2011 5,016−3.6%
2016 4,945−1.4%
2021 4,903−0.8%
Sources:[1][3][4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Tonga's population drops to 100,209“. Matangi Tonga. 24 December 2021. Архивирано од изворникот на 24 December 2021. Посетено на 24 December 2021.
  2. Encyclopædia Britannica – Tonga
  3. „1996 Tonga Census Administrative Report“. Tonga Department of Statistics. стр. xii. Посетено на 30 December 2021.
  4. „Census“. Tonga Statistics Department. Посетено на 30 December 2021.

Надворешни врски

уреди

21°23′15″S 174°56′02″W / 21.38750° ЈГШ; 174.93389° ЗГД / -21.38750; -174.93389