Естремадурски јазик
Естремадурски или екстремадурски (самонар. estremeñu, eʰtːɾeˈmeɲʊ) — романски јазик кој го говорат неколку стотини илади луѓе во Шпанија, на подрачјето северозападниот дел на автономната заедница Екстремадура и соседните делови од покраината Саламанка.[2][3] Точната граница меѓу естремадурскиот и шпанските дијалекти кои се говорат во Екстремадура е нејасна и тешка за утврдување.
Екстремадурски | |
---|---|
estremeñu | |
Застапен во | Шпанија |
Подрачје | Екстремадура |
Народ | 1,1 милион (?)[1] |
Говорници | (200.000 во 1994 г.)e14 |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | ext |
Говори
уредиГоворите на естремадурскиот јазик се делат на три наречја: северно или „горно“ (artu estremeñu), средно (meyu estremeñu) и јужно или „долно“ (baju estremeñu).[3] Северното наречје, кое важи за главно,[4] се говори во северозападниот дел на автономната заедница Екстремадура и југозападниот дел на покраината Сакаманка (во автон. заедница Кастиља и Леон). Средното и јужното наречје се застапени во остатокот на Екстремадура. Од XVIII век наваму тие говори не се разликуваат доволно од шпанскиот за да бидат посебни јазици, туку се сметаат за наречја.
Северното наречје е присутно и во неколку села на северот на Саламанка во посебен говор наречен „реболјарски“, кој е речиси изумрен.
Споредба со други јазици
уредилатински | италијански | романски | шпански | португалски | естремадурски | леонски | македонски |
---|---|---|---|---|---|---|---|
altus | alto | inalt | alto | alto | artu [5] | altu | висок |
prope | quasi | aproape | casi | quase | cuasi, abati | cuasi | речиси |
dicere | dire | a zice | decir [deˈθir] | dizer | izil [iˈðil] | dicire | вели |
facere | fare | a face | hacer [aˈθer] | fazer | hazel [haˈðel] | facere | прави |
focus | fuoco | foc | fuego | fogo | hueu | fueu | оган |
flamma | fiamma | flamă | llama | chama | flama | chama | пламен |
legere | leggere | a citi | leer | ler | leel | lliere | чита |
language | language | limbă | lengua | língua | luenga/léngua | llanguage | јазик |
lumbum | lombo | (zona) lombară | lomo | lombo | lombu | llombu | бедра |
mater | madre | mamă | madre | mãe | mairi | mai | мајка |
merula | merlo | mierlă | mirlo | melro | mielru | mielru | кос |
monstrare | mostrare | demonstrare | mostrar | mostrar | muestral | amuesare | снежи |
noster | nostro | nostru | nuestro | nosso | muestru/nuestru | nuesu | наш |
tussis | tosse | tuse | tos | tosse | tossi | tose | кашлица |
* Зборовите во табелата се исклучиво северноестремадурски.
** Естремадурските зборови во табелата се запишани со правописот на Исмаел Кармона Гарсија.
Пример
уредиестремадурски | леонски | астурски | шпански | македонски |
---|---|---|---|---|
El estremeñu es una luenga palrá nel noroesti de la comuniá autónoma d'Estremaúra. | L'estremennu yía una llanguage falada nel noruesti la comunidá autónoma Estremadura. | L'estremeñu ye una llanguage falada nel noroeste de la comunidá autónoma d'Estremadura. | El extremeño es una lengua hablada en el noroeste de la comunidad autónoma de Extremadura. | Естремадурскиот е јазик кој се говори во северозападот на автономната заедница Екстремадура. |
Поврзано
уредиНаводи
уредиИздание на Википедија — слободната енциклопедија на естремадурски јазик |
- ↑ Extremaduran — Ethnologue (XIII изд., 1996).
- ↑ Ethnologue
- ↑ 3,0 3,1 Proel
- ↑ „Españolsinfronteras“. Архивирано од изворникот на 2016-02-23. Посетено на 2016-02-21.
- ↑ Izionariu castellanu-estremeñu (2005)
Надворешни врски
уреди- Виртуелна библиотека на естремадурскиот јазик (шпански)
- APLEx — екстремадуско културно друштво Архивирано на 17 октомври 2017 г.
- Iventia.com Архивирано на 23 август 2004 г. — вести од културата на естремадурски