Естела Кампавија
Естела Кампавија (1918–1990) била британска вајарка и керамичарка. Таа е позната по глазирана кeрамика, изложена во музејот Викторија и Алберт.[1][2]
Ран живот
уредиРодена во Истанбул, Кампавија била од шкотско и шпанско потекло.[3] Таа била воспитана во Турција[4] и патувала како ќерка на дипломат.[3] Самоук, Кампавија најпрво се прославила како керамичарка, започнувајќи ја својата кариера во 1955 година,[4] пред да се развие како вајар во 1970-тите.[5]
Уметнички дела
уредиНејзините апстрактни скулптури имаат форма на мазни фигури кои течат, навидум во движење.[6] Нејзините скулптури биле изложени во Италија, Франција и Обединетото Кралство.[6] Некои од нејзините дела: Глава (околу 1980 година), лежечка фигура (околу 1980) и Ла Џои де Вивр (1988) биле претставени на продажба во Каталогот за модерна и современа скулптура на Волсили за ликовни уметности.[4] Во 2013 година, некои од нејзините досега невидени дела биле изложени на фестивалот Глиндебурн заедно со делата на Шон Хенри и Мајкл Крег-Мартин.[7] Рој Опенхајм ја опишал како „еден од највозбудливите вајари на нашето време“.[3][7] Сликата на Кампавија, направена од Ајда Кар се чува во колекцијата на Националната галерија на портрети (Лондон).[8]
Поврзано
уреди- Thomas, Oliver Watson ; photography by Ian; Kitcatt, Mike (1990). British studio pottery : the Victoria and Albert Museum collection. Oxford: Phaidon Christie's In association with the Victoria and Albert Museum. ISBN 0-7148-8067-1.
Наводи
уреди- ↑ „Bowl: Campavias CIRC.6-1959“. Victoria and Albert: Search the Collections. Посетено на 11 March 2015.
- ↑ „Bowl: Campavias CIRC.131-1958“. Victoria and Albert: Search the Collections. Посетено на 11 March 2015.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Oppenheim, Roy. „Estella Campavias“ (PDF). Campavias.ch. Посетено на 17 March 2015.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Otten, Rupert. „Modern and Contemporary Sculpture“ (PDF). Wolseley Fine Arts. Посетено на 17 March 2015.
- ↑ „Estella Campavias“. Campavias.ch. Посетено на 17 March 2015.
- ↑ 6,0 6,1 David Buckman (2006). Artists in Britain Since 1945 Vol 1, A to L. Art Dictionaries Ltd. ISBN 0 953260 95 X.
- ↑ 7,0 7,1 „Beyond the stage: A newly curated art collection that evokes the style, drama and wonder of Glyndebourne“. www.glyndebourne.com. Посетено на 23 March 2015.
- ↑ „Estella Campavias (1918–1990) Cermaicist“. National Portrait Gallery: Search the Collection. Посетено на 11 March 2015.