Ески турбе (Бахчисарај)

Ески турбе (кримскотатарски: Eski Dürbe — „стара гробница“) — најстара гробница на Бахчисарај, изградена, според некои информации, во XIV век, долго пред дворецот Бахчисарај. Објектот претставува споменик на архитектурата[1]. Се наоѓа на падината на левиот брег на реката Чурук-Су, 180 метри југоисточно од Ханскиот дворец.

Ески турбе
кримскотатарски: Eski Dürbe
украински:
Ескі-Дюрбе
Поглед кон турбето
Карта
Општи податоци
Видтурбе
МестоБахчисарај, Крим
Координати44°44′50″N 33°53′06″E / 44.74722° СГШ; 33.88500° ИГД / 44.74722; 33.88500
Почната14 век
Ески турбе, слика од 1838 година

Историја

уреди

Ески турбе претставува споменик со архитектонско и историско значење, изградено во времето на Златната Орда. Сепак, гробот е слабо испитан, па дури не е познато точно кој е погребан во него.

Заменик-генералниот директор за истражување на музејот на Бахчисарај во една изјава истакнал дека за турбето постојат единствоено усни легенди, според кои овде се наоѓа гробницата на некој бег чиј сопствен имот се наоѓал во околината на денешен Бахчисарај. Овој бег се викал Дере-бег, но освен неговото име, за него не е познато зошто го нашол своето последно засолниште тука. Во секој случај, во ниеден пишан извор не е наведено лице со тоа име[2].

Претходно, Ески турбе бил опкружен со гробишта.

Во 1927 година, под надзор на директорот на музејот Бахчисарај, започнала реставрација. Куполата била поправена, а била направена и железна врата[3].. Во 1965 година била извршена уште една поправка кога ѕидовите биле поправени а куполата покриена со цемент. Во средината на 1990-тите, куполата била покриена со лимови од галванизирано железо.

Во 2013 година биле направени археолошки иследувања според кои датумот на градба би можело да биде од XVII век.

Архитектура

уреди

Самиот објект бил изграден со голема вештина, главно поради својата прецизност на ѕидовите и вештата изработка на деталите. Турбето е единствениот примерок во околината кој не е изграден од бел варовник, туку од жолт камен[4].

Структурата на објектот е асиметрична. Се состои од два дела на различни височини: објектот со куполата и дворот што се граничи со нејзината јужна фасада. Дворот има форма на квардат и е заграден со седум арки. Претходно во дворот постоело фонтана[5]. Во дворот може да се дојде само од страната на турбето[5]. Веројатно, објектот првично бил замислен како семејна гробница[5].

Според некои претпоставки, првично куполата имала облик на пирамида и била покриена со олово. Според В.А. Боданински, куполата била силно оштетена со удар на гром во 1880-тите години. Главниот влез во гробот е од исток. Се наоѓа во длабок правоаголен портал.

Според ориенталистот И.А. Орбели, архитектонскиот стил на Ески турбе бил позајмен од Ерменците. Архитектурата на турбето можеби била дополнителна инспирирана за градителите на Ханскиот дворец[5].

Наводи

уреди
  1. „Про впорядкування справи обліку та охорони пам'ятників архітектури на території Української РСР Рада Міністрів УРСР; Постанова від 24.08.1963 № 970“. zakon4.rada.gov.ua.
  2. „Археологические загадки Бахчисарая“. 1k.com.ua. Архивирано од изворникот на 2015-07-05. Посетено на 2018-05-08.
  3. „Мавзолей «Эски-Дюрбе»“. Бахчисарайский историко-культурный и археологический музей-заповедник. Посетено на 2017-03-15.
  4. „Бахчисарай: следы исчезнувшего города“. graal.org.ua.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Бабенко, Дюличев 2008.