Ески амам (Банско)
Ески амамили Старата голема бања — поранешен амам кој се наоѓал во селото Банско, Општина Струмица.
Ески амам | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | амам |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Банско, Општина Струмица |
Земја | Македонија |
Почната | 16 век |
Технички податоци | |
Подна површина | 242 м2 |
За градителот на објектот не се сочувани податоци но имајќи го предвид фактот дека кај турското население останало името Екси Амам веројатно е дека овој објект е еден од најстарите амами кои биле изградени во ова село. Амамот е изграден во источниот дел од селото, југозападно од Римската терма и според начинот на градба масивни дебели ѕидови градени од камен, вар, тула како и организацијата на ентериерот од археолозите бил утврден како амам за јавна намена. Следејќи ги пишаните извори на турската администрација за населбата како и меморираното име за амамот Екси, тој бил изграден во 16 век. Првобитно бил конципиран со три простории со голема квадратна централна со голем длабок базен и две помали на јужната и на источната страна со мали кади. На амамот во првите децении на 20 век биле додадени и простории за сместување на североисточната страна.
Амамот функционирал и како двоен за мажи до половина од денот и за жени во втората половина, а ваквото функционирање се задржало крајот на 19 век. Амамот зафака површина од 242 м, а сочувана висина земено од центарот на големиот базен до централната голема купола изнесува 9 метри. Висината на ѕидовите од подот до почетокот на куполите изнесува 2 метри, а ѕидовите се со дебелина од 1 метар. Трите влеза кои се поставени на северната и источната страна ги следи едниот влез во ентериерот преку кој се влегувало во помалата просторија од јужната страна со мали кади. Просечна висина на влезовите изнесува 1,70 см и ширина 70 см. на север пред нив била поставена соблекувална Xемекам со влез од север.
Во големата просторија најдоминатен е длабокиот базен во кој се влегувало со скали и е со длабочинна 1,40 см. а неговите димензии се 6,8х8,7метри. Во внатрешноста исто така доминира во големата централна просторија куполата која налегнува врз пандантифи и нејзиниот дијаметер изнесува 8,5метри. Амамот се снабдувал со термална вода преку тубуси од изворот парило кој се наоѓа околу 50 метри јужно. Карактеристично за овој амам е што осветлувањето во централната голема просторија е обезбедено преку мал прозорец на западниот ѕид, а осветлувањето на помалите простории е извршено преку мали кружни отвори на малите куполи.
Денеска не се сочувани податоци каков бил покривот првобитно над централната купола, но сегашниот е изведен од лим и е на четири води. Амамот имал водосклад (резервоар за вода) на јужната страна и прегради за акумулирање на топла и студена вода. Во внатрешноста на источната просторија во ѕидовите се оформени слепи ниши. Амамот е во лоша состојба поради престанување на неговото функционирање[1].
Галерија
уреди-
Поглед кон турската бања
-
Поглед кон турската бања
-
Поглед кон турската бања
Наводи
уреди- ↑ ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – СТРУМИЦА (2014). ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ВО СПОМЕН НА ЕМИЛИЈА ПЕТКОВСКА.
„Ески амам (Банско)“ на Ризницата ? |