Есак
Есак (старогрчки: Αἴσακος = „гранка од мирта“) — лик од старогрчката митологија, син на Пријам и на Мероповата ќерка Аризба, како и сопруг на Астеропа. Тој му прорекол на Пријам дека неговата втора жена ќе му роди син (Парис) кој ќе ја предизвика пропаста на Троја. Кога му умрела сопругата, од преголема тага, Есак скокнал од ридот во морето, но таму го пречекала Тетида и го претворила во птица-нуркач.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 165.