Ерусалим (аеродром)
31°52′0″N 35°13′0″E / 31.86667° СГШ; 35.21667° ИГД
Ерусалимски меѓународен аеродром (Ерусалимски аеродром или Каландија) — мал аеродром кој се наоѓа меѓу Ерусалим и Рамалах. Овој аеродром за првпат е пуштен во употреба во 1920 година, и тој е првиот аеродром во Палестина. Овој аеродром е затворен за цивилен сообраќај од започнувањето на Втората интифада во 2001 година.
Од 1920 до 1930 година, Каландија е единствениот аеродром во Палестина. Тој се користел од страна на британските воени авторитети и видни гости кои патувале кон Ерусалим. Во 1931 година, владата започнала со присилна експропријација на земјиште од блиското еврејско село Атарот за да го прошири аеродромот, во целиот процес дошло до уривање на домови и голем број на овоштарници биле ископачени. Во 1936 година, аеродромот бил отворен и за редовни летови. Подоцна во 1948 година селото Атарот било освоено од страна на војската на Јордан и Арапската лига при Арапско-израелски конфликт (1948).
Од 1948 до Шестдневната војна, во јуни 1967 година, аеродромот бил под јорданска контрола, со ознака OJJR . По шестдневната војна, Ерусалимскиот аеродром бил придодаден кон општинската област на градот Ерусалим и ја добил ознаката LLJR
Галерија
уреди-
Аtarot гробишта во близина на "Ерусалим аеродром"
Надворешни врски
уреди„Ерусалим (аеродром)“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- Jerusalem Airport in lowshot website