Ероманго
Ероманго (бислама: Erromango, еромангански: Nelocompne) е остров во покраината Тафеа во Вануату. Со своите 891.9 км2, островот е најголем во покраината Тафеа и четврт најголем во Вануату.
Познат и како Нелокомпне Nelocompne | |
---|---|
Карта на Ероманго | |
Географија | |
Место | Тихи Океан |
Координати | 18°48′50″S 169°07′22″E / 18.81389° ЈГШ; 169.12278° ИГД |
Архипелаг | Вануату |
Површина | 891,9 км2 |
Должина | 48 км |
Ширина | 30 км |
Највисоко место | 886 м |
Највисока точка | Сантоп |
Држава | |
Покраина | Тафеа |
Најголема населба | Упогкор |
Демографија | |
Население | 2,084 (2009) |
Густина | 2,34 /km2 (606 /sq mi) |
Етнички групи | Вануаќани |
Дополнителни податоци | |
Часовен појас |
|
Географија
уредиВкупната површина на Ероманго е 891.9 км2. Најголемата должина на островот е 48 км, а ширината е од 20 до 30 км. Највисока точка е Сантоп со 886 метри надморска висина. Островот се наоѓа на следните координати 18°37'Ј и 18°59'Ј и 168°59'И и 168°20'И.[1] Во непосредна близина на Ероманго е островчето Вете Манунг, кој е на 15 км североисточно од Ероманго.[2]
Средишниот дел на островот е сочинет од вулканот Сантоп.[3] Островот е дел од Меланезија. Островот е покриен со густа зелена шума, а на западниот дел има густа тревна вегетација.[4]
Како и останатите острови во Вануату, така и Ероманго е со вулканско потекло.[5]
Население
уредиСпоред пописот од 2009 година, Ероманго имал население од 1,959 жители.[6] Просечниот годишен природен прираст е 2.2%,[7] и на островот има 325 домаќинства.[8] Најголеми села се Дилонс Беј, Потнарвин и Ипота.
Јазици
уредиПред доаѓањето на Европејците, Ероманго важел за доста разновиден во јазична смисла. По доаѓањето на Европејците, островот изгубил од 76% до 83% од староседелските јазици. Според јазичарот Тери Кроули, после Австралија, Ероманго доживеал најголема јазична катастрофа во Океанија.
Денес преживеал само ероманганскиот кој го зборуваат околу 90% од населението.[8] Of Erromangans over the age of five, 63.6%[9] 63 проценти од населението се писмени на бислама,[10] на англиски 62.0% а на француски само 19% од населението.[11]
Сообраќај
уредиНа островот има две писти, односно аеродрома: Аеродром Дилонс Беј и Аеродром Ипота.
Наводи
уреди- ↑ Siméoni, Patricia (2009). Atlas du Vanouatou (Vanuatu) (француски) (Première. изд.). Port-Vila: Éditions Géo-consulte. стр. 85. ISBN 978-2-9533362-0-7.
- ↑ „Vete Manung Island, Vanuatu - John Seach“. travel.vu. Vanuatu Travel. Архивирано од изворникот на 2021-02-05. Посетено на 11 June 2019.
- ↑ Siméoni 2009, p. 85.
- ↑ Siméoni 2009, p. 88.
- ↑ Brookfield, H.C.; Hart, Doreen (1971). Melanesia. London: Methuen & Co Ltd. стр. 30. ISBN 0416-70290-2.
- ↑ Vanuatu National Statistics Office (2009a). „2009 National Population and Housing Census Basic Tables Report Volume 1“. http://vnso.gov.vu. стр. 168. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-09-28. Посетено на 2014-12-04. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ Vanuatu National Statistics Office (2009b). „2009 Census Summary Release“. vnso.gov.vu/. Port Vila: Vanuatu National Statistics Office. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-11-15. Посетено на 2014-12-09.
- ↑ 8,0 8,1 Vanuatu National Statistics Office 2009a, p. 13.
- ↑ Vanuatu National Statistics Office 2009a, p. 101.
- ↑ Vanuatu National Statistics Office 2009a, p. 97.
- ↑ Vanuatu National Statistics Office 2009a, p. 99.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Културно здружение Ероманго
- Јазици на Ероманго
- ТАФЕА: Ероманго Архивирано на 2 декември 2017 г.