Енеада (грчки Ἐννεάς, значи „деветтемина“) се состои од група на девет божества, кои најчесто се појавуваат во контекст на египетската митологија. Старите народи го сметале групирањето во девет божества како многу важно.

Енеада во Папирус на Ани
Оваа статија е поврзана со египетската митологија. Видете Енеади, неоплатонско дело на Плотин или Ајнеида, латински еп од Вергилиј (македонско издание од „Култура“).

Древните Египќани имале повеќе Енеади. Текстовите од пирамидите спомнуваат Голема Енеада, Мала Енеада, Двојна Енеада, повеќекратни Енеади, па дури и Седум Енеади. Некои фараони воспоставиле Енеади во кои се вклучиле и самите себе; таков е примерот со Сет I во неговиот храм во Ридисија (Redesiyah) каде што се обожувала Енеада, која комбинирала шест важни божества и три обоготворени негови форми.

Голема Енеада

уреди

Најважна од египетските Енеади е тн. Голема Енеада (наречена уште и Енеада од Хелиополис); во која се вклучени Атум, првиот бог, неговите деца Шу и Тефнут и нивните потомци Геб, Нут, Озирис, Изида, Сет и Нефтида.

Потеклото на оваа група останува нејасно. Теориите до средината на 19 век постулираа дека свештениците од градот Хелиополис ја воспоставиле оваа Енеада со цел нивниот локален сончев бог Ра да се издигне над другите божества како што е на пример Озирис. Сепак, повеќето египтолози се сомневаат во тоа. Но речиси е сигурно дека Големата Енеада најпрво се појавува за време на опаѓањето на култот кон Ра, во текот на шестата династија, па по нејзиното воведување култот набргу остварил голем препород.

Митот за создавањето

уреди

Од почетните води претставени од Нун, се појавилo ритче. Врз него седнал Атум, кој се самозачнал себеси. Седејќи сам и досадувајќи се, тој почнал да мастурбира - некои сметаат оти митот потврдува дека тој извел акт на автофелацио (или според други стории) плукнал, создавајќи го воздухот Шу и влагата Тефнут кои потоа ги создале земјата Геб и небото Нут. Нут и Геб ги создале децата; Озирис, Изида, Сет и Нефтида.