Ена Веко
Ена Веко (родена во Скопје како Елена Домазетовска) — македонска рап пејачка, најмногу популарна во 1990-тите години. Автор на нејзините песни песни е нејзиниот стрико, реномираниот македонски музичар Тоше Поп Симонов, со кој по раскинувањето на соработката заминува на студии во Сиднеј, Австралија и таму останува да живее.[1] Издала само еден албум, но сите нејзини песни биле хитови во тоа време. Најпознати се Царевата ќерка, До кога вака?, Келнерот, Љубомора, Мачо мен, Не приоѓај ми, Во чија си прегратка?, Земјани луѓе и др. Позната била и со дуетите со групата „Легенда“, со песната Признавам, не признавам и настапот на фолк-фестивалот Цветници 93, во комбинација со Мирко Митревски и групата „Академци“, во темата Си заљубив раперка.
Дискографија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ена Веко повторно во Македонија, 29 јуни 2003“. МММ. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2011-02-22. На
|first=
му недостасува|last=
(help)
Надворешни врски
уреди- Збирка на видеа со песните на Веко Архивирано на 30 април 2011 г.
- Податоци за музички изданија Архивирано на 17 ноември 2021 г. евидентирани од ВБУ Музички Регистар