Емориев кактус
Емориев кактус | |
---|---|
Емориев кактус во ботаничката градина „Вила Дурацо-Палавичини, Џенова, Италија | |
Научна класификација | |
Царство: | растенија |
Нерангирано: | скриеносеменици |
Нерангирано: | евдикоти |
Нерангирано: | јадрени евдикоти |
Ред: | каранфиловидни |
Семејство: | кактуси |
Потсемејство: | кактусовидни |
Племе: | кактусовидни |
Род: | ферокактуси |
Вид: | F. emoryi |
Научен назив | |
Ferocactus emoryi (Енгелман) Оркут | |
Синоними | |
|
Емориевиот кактус (Ferocactus emoryi) е бурест кактус од видов на ферокактуси.
Опис
уредиЕмориевиот кактус е сферичен или цилиндричен кактус, налик на буренце. Кактусот е светлозеленкаст и достигнува дијаментар од 60 до 110 см, а висина од 2 до 2,5 метри. Кактусот има од 15 до 30 ребренца со туберкули, особено кај помладите единки. Централната боцка е многу долга, достигнува должина од 4 до 10 см. Околу нема има од седум до дванаесет боцки кои достигнуваат должина и до 5 см. Големите и инкестите цветови се вообичаено црвени или жолти, достигнуваат должина од до 7,5 см и пречник од 5 до 7 см. Плодот е овален и долг 5 см.
Распространетост
уредиОвој вид може да се најде во природата во Мексико и САД, поточно во Аризона.
Живеалиште
уредиЕмориевиот кактус расте во пустински предели со ниски грмушки, карпески падини и каменести и карпести предели. Кактусот може да расте на надморска висина до 1200 метри.
Подвидови
уреди- Ferocactus emoryi var. emoryi
- Ferocactus emoryi var. rectispinus (Engelm.) N.P.Taylor
Наводи
уреди- Flora of North America Editorial Committee, e. 2003. Magnoliophyta: Caryophyllidae, part 1. In Fl. N. Amer.. Oxford University Press, New York.
- Tropicos: Ferocactus emoryi
- Cactiguide: Ferocactus emoryi
- The Plant List.org: Ferocactus emoryi
- Desert Tropicals: Ferocactus emoryi Архивирано на 18 август 2017 г.
- Cactus-art.biz: Ferocactus emoryi