Емилија Стојменова Дух
Емилија Стојменова Дух (родена на 25 декември 1985) - македонско-словенечки електроинженер и политичар.
Емилија Стојменова Дух | |
---|---|
Емилија Стојменова Дух во 2022 | |
Министер за дигитална трансформација | |
На должноста | |
Стапил 1 јуни 2022 | |
Претходник | Марк Борис Андријаниќ |
Член на Стратешки Совет за Дигитализација | |
На должноста 10 април 2021 – 7 јуни 2022 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Емилија Стојменова Дух 25 декември 1985 Виница, СР Македонија, СФРЈ |
Занимање | политичарка, електро-инженер, научник |
Таа е актуелна министерка без ресор, одговорна за дигитална трансформација на Република Словенија.[1]
Младите и образованието
уредиРодена е во Виница, Македонија, а во Марибор се преселила во 2002, кога добила стипендија од агенцијата Ад Футура за школување како дел од Меѓународна матура, која ја спроведува II. гимназија во Марибор. Студиите ги завршила на Факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика.[2] Докторските студии ги завршила во 2013 година.[3][4]
Кариера
уредиПо дипломирањето, се вработила како млад истражувач во Искрател. По завршувањето на докторските студии, се вработила на Електротехничкиот факултет во Љубљана, каде моментално била вонреден професор на Катедра за информатички и комуникациски технологии. Таму таа го водела и дигиталниот спој 4PDIH, партнерство меѓу Електротехнички факултет и Заедница на општини на Словенија, што ја подигнувало свеста за важноста на дигитализацијата.
Помеѓу 2014 и 2016, таа била шеф на Демол Словенија, дел од меѓународна мрежа Демол. Од февруари 2018 до октомври 2019, таа била извршен директор на Дигитален Иновациски Спој на Словенија. Била член на одборот на директори на Агенцијата за јавни истражувања на Република Словенија, а моментално е член на стручниот совет на Агенцијата за вработување на Република Словенија.[5]
Таа била финалистка во изборот за инженер на годината за 2018 и била номинирана за Словенка на годината за 2021.[6]
Политика
уредиСовет за стратегија за дигитализација
уредиНа 10 април 2021 беше назначена за член на новото консултативно тело на премиерот, поточно Стратешкиот совет за дигитализација, предводен од Марк Борис Андријанич.[7] Таа подоцна поднела оставка од советот на 7 јуни 2021, наведувајќи ги залудно потрошените можности за финансирање развојни проекти.[8]
Кандидатура на изборите за национално собрание во 2022 година
уредиСтојменова Дух се кандидирала и на изборите за Национално собрание во 2022, таа се појави на листата на социјалдемократите, поточно во Марибор во 7-та ИЕ. Бидејќи не беше избрана за претставник, таа премина во партијата Движење на слободата на 10 мај 2022.[9][10]
Министер за дигитална трансформација
уредиОд 1 јуни 2022, во 15-та словенечка влада под водство на Роберт Голоб, таа е министер за дигитална трансформација.[11]
Наводи
уреди- ↑ „dr. Emilija Stojmenova Duh, ministrica brez resorja, pristojna za digitalno preobrazbo | GOV.SI“. Portal GOV.SI.
- ↑ „"Študij elektrotehnike ponuja ženskam boljše službe in bolj kakovostno življenje"“. RTVSLO.si.
- ↑ „izr. prof. dr. Emilija Stojmenova Duh – LTFE LMMFE – Laboratorij za telekomunikacije in Laboratorij za Multimedijo na Fakulteti za elektrotehniko, Univerza v Ljubljani“.
- ↑ Maribor, IZUM-Institut informacijskih znanosti. „User-centred design for multiscreen e-health applications for elderly people : doctoral thesis :: COBISS+“. plus.cobiss.net.
- ↑ „dr. Emilija Stojmenova Duh“. November 10, 2021.
- ↑ „Kandidatke za Slovenko leta 2021“. Revija Jana.
- ↑ „Ustanovljen Strateški svet za digitalizacijo, vodi ga Mark Boris Andrijanič“. RTVSLO.si.
- ↑ „Emilija Stojmenova Duh odstopila iz Strateškega sveta za digitalizacijo“. N1. June 7, 2021.
- ↑ „SD: kandidati za poslance in poslanke (seznam)“. N1. March 22, 2022.
- ↑ „Kandidatka za ministrico za digitalno preobrazbo je Emilija Stojmenova Duh“. N1. May 12, 2022.
- ↑ „Vsak dan prvi - 24ur.com“. www.24ur.com.