Елица и Стојан
Елица и Стојан (бугарски: Елица и Стоян) ― бугарско музичко дуо. Во 2007 година, Елица Тодорова и Стојан Јанкулов биле претставници за Бугарија на Евровизија 2007. Нивното 5-то место со песната „Вода“ била највисокото пласирање на Бугарија сè до Евровизија 2016.[1] Во март 2013 година, двојката била избрана да ја претставува Бугарија по втор пат на Евровизија 2013, во Малме, Шведска. Тие настапиле во второто полуфинале на 16 мај 2013 година со песната „Само шампиони“[2] но не се пласирале во финалето.
Елица и Стојан | |
---|---|
Животописни податоци | |
Потекло | Варна и Софија, Бугарија |
Жанрови | Фолк, електронска, светска, ворлдбит |
Период на активност | 2003–досега |
Членови | |
Елица Тодорова Стојан Јанкулов |
Кариера
уредиЕлица и Стојан се запознале во 2003 година. Во 2007 година тие го освоиле фестивалот „Песен на Евровизија 2007“ и ја претставувале Бугарија на Евровизија 2007, со песната „Вода“.[1] Подоцна тие го издале својот втор сингл „Земја“.
На 10 февруари 2013 година, Елица и Стојан биле избрани од Бугарската национална телевизија (БНТ) да ја претставуваат Бугарија на Евровизија 2013. Бугарскиот национален избор бил одржан на 3 март 2013 година, со две песни издвоени за првото место по заедничкото гласање на жирито и публиката, „Кисмет“ и „Само шампиони“. „Кисмет“ била избрана за победничка песна,[3] сепак, на 11 март 2013 година, БНТ ја повлекла „Кисмет“ поради загриженост за авторските права и ја замениле со „Само шампиони“.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Brey, Marco (10 февруари 2007). „Elitsa & Stoyan to represent Bulgaria!“. European Broadcasting Union. Посетено на 23 мај 2021.
- ↑ 2,0 2,1 Escudero, Victor (11 март 2013). „Bulgaria enters new song for Malmö“. European Broadcasting Union. Посетено на 23 мај 2021.
- ↑ Escudero, Victor (3 март 2013). „Elitsa & Stoyan to perform Kismet in Malmö“. European Broadcasting Union. Посетено на 23 мај 2021.
Претходник Маријана Попова со „Let Me Cry“ |
Бугарија на Евровизија 2007 |
Наследник Deep Zone и DJ Balthazar со „DJ, Take Me Away“ |
Претходник Софи Маринова со „Love Unlimited“ |
Бугарија на Евровизија 2013 |
Наследник Поли Генова со „If Love Was a Crime“ |