Елизабет Герли Флин (Август 7, 1890 - 5 септември 1964 година) беше активист и феминистка која одиграла водечка улога во организацијата Индустриски работници од светот. Флин била основачки член на Американската Унија за Граѓански Слободи и поборник за правата на жените. Таа се приклучила на Комунистичката партија на САД во 1936 година и подоцна во животот, во 1961 година, станала нејзин претседавач. Таа почина за време на посетата на Советскиот Сојуз, каде што ѝи бил даден државен погреб.

Елизабет Герли Флин
Роден(а)9 септември 1850(1850-09-09)
Конкорд, Њу Хемпшир
Починал(а)15 април 1928(1928-04-15) (возр. 77)
СССР
НационалностАмериканка
Занимањеактивист, феминистка
Познат(а) поОрганизатор на Индустриските работници од светот, основачки член на Американската унија за граѓански слободи, претседател на Националниот комитет на Комунистичката партија на САД

Активистичка кариера

уреди

Нејзините родители ја вовеле во социјализмот. Кога таа беше само 16 години таа го одржа својот прв јавен говор, "Што социјализмот ќе стори за жените".[1]

Во 1907 година, Флин стана организаторот за Индустриските работници од светот.[2] Во текот на следните неколку години таа организирала кампањи за работници во Пенсилванија, Њу Џерси, Њујорк, Минесота, Мисула, Монтана, Вашингтон и Масачусетс. Во овој период, авторот Теодор Дрејсер ја опиша како "Ист Сајд Јованка Орлеанка".

Во 1909 година, Флин учествувала во протест за слободен говор. Таа подоцна ја обвини полицијата за користење на затворот како бордел, обвинение што ги поттикна да ги конфискуваат сите копии на Индустриски Работник што го содржиле обвинението.

Флин посебно внимание посветила на правата на жените, го поджрувала користењето на контрацепција и правото на глас на жените. Флин, исто така, го критикуваше раководството на синдикатите за тоа што биле доминирани од мажи, кои не ги одразувале потребите на жените.

По нејзиното ослободување од затвор, Флин ги продолжи своите активности за левичарски и комунистички каузи. Таа стана национален претседателка на Комунистичката партија на САД во 1961 година. Таа го посети Советскиот Сојуз повеќепати и умрела таму на 5 септември 1964 година, на 74 години. Советската влада ѝ даде државен погреб на Црвениот плоштад и повеќе од 25.000 луѓе присуствувале.

Наводи

уреди
  1. Flynn, Elizabeth Gurley (1955). I Speak My Own Piece. New York: Masses & Mainstream, Inc. стр. 52–53.
  2. Paul Frederick Brissenden, The I.W.W. A Study of American Syndicalism, Columbia University, 1919, pages 180-181