Елена (кована пара)
Елена — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2015 година.
Елена | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Серија | Ден на Ангел |
Номин. вредност | 100 денари |
Метал | сребро 925 |
Тежина | 28,28 г |
Димензии | 30 x 50 мм |
Облик | јајчест |
Раб | мазен |
Издадена | 2015 |
Цена | 3.500 ден. |
Опис
уредиЛице
уредиНа лицето од парата е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од лицето на монетата е прикажан Грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.[1]
Опачина
уредиНа опачината, во средината на кованата пара е прикажан ликот на Света Елена (Флавија Јулија Елена Августа), мајката на царот Константин Велики. Таа е важна личност во историјата на христијанството поради големото влијание коешто го имала врз нејзиниот син и поради нејзиниот придонес за сместувањето на христијанството во срцето на западната цивилизација. Во долниот дел на кованата пара е прикажана црквата Свети Константин и Елена во Кривој Рог. На левата страна е прикажан јасен и неговите цветови - симболот на името Елена. На десната страна е вметнат кристал „сваровски“, кој наликува на калцедон - среќниот камен на Елена. На опачината ги има натписите: „Елена“ (на македонски јазик), „Ден на Ангел“ (на македонски јазик) и ознаката „Ag 925“.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „ЕЛЕНА"“. Посетено на 8 јануари 2018.