Екс-ју драмско дело-сцена за театар напишана во 1996 година во Кантербери, Англија од македонскиот драматург Горан Стефановски.[1]

Екс-ју
АвторГоран Стефановски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрсцена за театар
Издадена
1996
МедиумПечатена
Страници14

Ликови и сцени

уреди

Делото има само една сцена. Напишана е по порачка и изведена од театарот Трицикл, Лондон

Лица:

уреди
  • Маја
  • Никола
  • Мартин
  • Келнер
  • Татко

Театарската сцена „Екс-ју“ е напишана во 1996 година по нарачка на театарот „Трицикл“ од Лондон, Англија, каде што и првпат е изведена. Насловот јасно упатува на содржинската исполнетост, која како основа го има земено ексјугословенското. Ликовите се малку на број, но затоа се семиотички исполнети до последната реплика. Дејството се случува во ресторанот на безимен хотел, кој атрибутски е објаснет како студен и празен. Ресторанот како простор е место на колективно хранење, а храната е разбрана како супститут на љубовта. Во тој контекст, ресторанот би требало да биде простор на јавна, сестрана веселба и љубов. Нашиов ресторан е празен, љубовта е истрошена.

Во „Поетика на просторот“, Башлар ја објаснува симболиката на куќата. Куќата е само наша, а хотелот е сечиј, аналогно на тоа и ничиј. Собите во хотелот можат да ги користат сите, но тие се без греење, тука го нема семејното огниште што околу себе ги сплотува домашните. Дополнително, амбиентот е објаснет преку неповолните временски услови. Врне снег, „има ледена лапавица и ветер. Се срушило небото“. Присутните носат зимски палта, преку тоа се акцентира нивната затвореност во себе, палтата штитат од студ, но и од интимност. Во себе ги кријат телата, но и вистинските емоции.

Оваа театарска сцена е убава основа за имаголошка анализа. Никола и Мартин се двете страни на една иста паричка. Ние наспрема тие. Објаснувањето дека ние сме подобри од нив, бидејќи „тие имаат ципа меѓу прстите на нозете“, само го потврдува фактот дека другата страна мора да се порамни со анималното за ние да се искачиме погоре на скалата на исправното и на подоброто. Но што кога јас сум мешавина од ние и вие? Што кога јас сум културен хибрид, збунето растргната меѓу ние и вие? Тоа прашање си го поставува Маја, производ на ексјугословенското братство и единство.

Таткото што умира е мистифицираната Југославија[/pullquote] Таткото што умира е мистифицираната Југославија. Го закопуваат во импровизиран гроб Никола и Мартин, откако самиот решава да си го одземе животот. Кошулите и на двајцата вмешани во брзиот закоп се испрскани со крв. Југославија се самоубива. Импровизирано се прикрива споменот за неа. Невешто се прикрива нејзиното постоење, сакаме да ја избришеме како чкртаница со молив. Но стругањето со гумата за бришење остава дамки крв на сите нас. Без разлика дали сме од ние или од вие. Абјектот стана болно и насилно засушена дамка во нашите сеќавања. Таткото носи бел летен костум. И летна шапка. Сосема спротивно од лутата зимска ноќ што владее надвор. Југославија е време на Медитеранот, на топлото сонце и на утринското кафе во комбинација со весник. Она што доаѓа по неа е темна ноќ. Компарирани преку Дуран , овие две временски ситуации ни даваат убав приказ на она што значела Југославија за луѓето и колку тешко, темно и мрачно изгледало времето по неа.

Пред да пристигне духот на таткото, келнерот гаси половина од светилките. Доколку нив ги разбереме како вештачко светло, а тоа транзитно нѐ носи до симболиката на сонцето и на светлината, овој потег би го сфатиле како судбинско затемнување на историските случувања.

Маја му ветува на татка си: „Ќе те пронајдам и покрај мините ./ Ќе те пронајдам и покрај болката/ огнот/ експлозиите“. Главните протагонисти се мажи. Мажите се тепаат, мажите ја почнаа војната, жените ја платија цената. Кога ќе слушне дека го мобилизираат, жената на Никола молкум му пакува малку храна за по пат. Не се буни, само му дава малку љубов да го крепи во тешките денови на нељубов. Жените претставени преку Маја го поставуваат прашањето „зошто?“ и неуморно трагаат по одговорот што го нема.

Стефановски суптилно го иронизира системот. Мартин на Никола му вели дека е вклучен на автоматски пилот, што во превод би значело дека мозокот му е исклучен, дека не размислува, туку само слепо ги извршува наредбите на повисоките инстанции. Неговиот коментар дека денес кокошките не се колат дома, туку дека се купуваат во месарници и во супермаркети, исто така оди на штета на системот, го обвинува за свесното и инструментализирано насилство во кое секидневно учествуваме сите ние, но не се буниме сè додека има свежо пилешко на масата. Насилството стана дел од нашата трпеза, го консумираме сладострасно. Мартин патува за Лондон, но се враќа кога завршува војната. Со војната му завршува и популарноста. Тука совршено би се вклопила новокомпонираната клетва од крајот на деведесеттите: „Да даде Бог да си ја видиш куќата на CNN“. И тука, секое теориско надополнување е вишок. Врне снег. Но кога ќе се растопи, излегуваат на виделина сите нечистотии скриени под килим. Меѓу нив и брзо ископаниот гроб на Југославија.. [2].

Избрана критичка библиографија

уреди

•1. Димитрова, А. (2012). Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски. Скопје: Културна установа Блесок.

•2. Аврамовска, Н. (2004). „Автореференцијалноста на фолклорниот интертекст во драмите на Горан Стефановски“. Аврамовска. Н. Во вителот надереализацијата: дуплото дно на македонската драма. Скопје: Култура, 246-307.

•3. Смилевски, В. (2000). „Драмското творештво на Горан Стефановски“. Литературни студии. Скопје: Култура, 131-204.

•4. Ќулавкова, К. (1997). “Постмодернистичката димензија и интертекстот во драмата Јане Задрогаз на Горан Стефановски“. Лужина, Ј. (Прир.) Македонската драматика/драматургија помеѓу традицијата и современоста. Прилеп: МТФ „Војдан Чернодрински“, 41-46.

На англиски јазик

уреди

•1. Marsh Stefanovska, P. (2019). „Foreword“. Stefanovski, G. Five Plays by Goran Stefanovski. Canterbury: The Conrad Press, 8-33.

Интернетски страници

уреди

•1. Димитрова, А. (2019, 01.05.) „Македонската книжевна критика за Горан Стефановски“. Пристапено на 06.08. 2019, на Блесок: https://www.blesok.mk/mk/блесок-изданија/блесок-бр-123[мртва врска]

•2. Смилевски, Г. (2015) PDF. „Просторот/местото во драмите Казабалкан, Евроалиен и Хотел Европа од Горан Стефановски“. Спектар 66: 83-97. Пристапено на 08.08. 2019, на https://www.ceeol.com/search/viewpdf?id=522803

•3. Аврамовска, Н. (2012). PDF. „Европа на сцената на современата македонска драма“. Пристапено на 10.08. 2019, на https://www.researchgate.net/ publication/282402026_Evropa_na_scenata_na_sovremenata_makedonska_ drama

Цитирана литература

уреди

Книги и статии:

• Аврамовска, Н. (2004). „Автореференцијалноста на фолклорниот интертекст во драмите на Горан Стефановски“. Аврамовска. Н. Во вителот на дереализацијата: дуплото дно на македонската драма. Скопје: Култура, 246-307.

• Димитрова, А. (2012). Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски. Скопје: Културна установа Блесок.

• Лужина, Ј. (2000 а). „Најмладата македонска драма: македoнските драматичари пост-модернисти“. Лужина, Ј. Театралика: студии и есеи на театролошки теми. Скопје: Матица македонска, 222-239.

• Luzina, J. (2000 б). Ten Modern Macedonian Plays. (Ed.). Skopje: Matica makedonska, 24-26.

• Marsh-Stefanovska, P. (2019). „Some biographical notes“. Stefanovski, G. Five Plays by Goran Stefanovski. Canterbury: The Conrad Press, 3-7.

• Marsh-Stefanovska, P. (2019). „Foreword“. Stefanovski, G. Five Plays by Goran Stefanovski. Canterbury: The Conrad Press, 8-33

• McKinley, J. (1985). Hi-Fi & The False Bottom. College of Arts and Sciences, University of Missouri, Kansas City: BkMk Press, 1-2.

• Мојсова-Чепишевска, В. (2000). „Митолошките, т.е. демонолошките наслојки во Јане Задрогаз“. Мојсова-Чепишевска, В. Литературни преокупации. Скопје: Менора, 257-284.

• Николовска, К. (2012). „Рецензија“. Димитрова, А. Постмодернистички стапици во драмите на Горан Стефановски. Скопје: Културна установа Блесок, v-viii.

• Павловски, М. (1992). „Диво месо на Горан Стефановски“. Силјан, Р. (Прир.) Сто години македонска драма Скопје: Матица македонска, 627.

• Смилевски, В. (1998). „Модерен драмски израз“. Смилевски, В. Фокусирања. Скопје: Матица македонска, 334-355.

• Смилевски, В. (2000). „Драмското творештво на Горан Стефановски“.

•Смилевски, В. Литературни студии. Скопје: Култура, 131-204.

• Старделов, Г. (1987). „Драмите на Горан Стефановски“. Павловски, Б. (Прир.). Горан Стефановски: одбрани драми. Скопје: Мисла, 333-353.

• Тодоровски, Г. (1990). „Подалеку од занесот, поблизу до болот!“ Силјан, Р. (Прир.) Македонска драма XIX и XX век. Скопје: Македонска книга, 424-439.

• Ќулавкова, К. (1997). „Постмодернистичката димензија на интертекстот во драмата Јане Задрогаз на Горан Стефановски“. Лужина, Ј. (Прир.) Македонската драматика / драматургија помеѓу традицијата и совеменоста. Прилеп: МТФ „Војдан Чернодрински“, 41-46.

• Уреднички вовед. (2019). „Горан Стефановски 1952-2018“. Културен живот 1/2, 5-9.

Интернетски страници

уреди

• Аврамовска, Н. (2012, н.д.). „Европа на сцената на современата македонска драма“. Пристапено на 10.08. 2019, на https: // www. Researchgate. net / publication / 282402026 _ Evropa_na_scenata_na_sovremenata_makedonska_drama Slavia Meridionalis 12 SOW, Warszawa 2012, 13-26. PDF

• Дамјаноски, М. (2011, н.д.). „Дискурсот на виктимизацијата во современата македонска драма“. Спектар, 58/2011, 467-476. http://iml.edu.mk/images/dokumenti/kniga2.pdf Архивирано на 11 јули 2020 г.

• Димитрова, А. (2019, 01.05.). „Македонската книжевна критика за Горан Стефановски“. Пристапено на 06.08. 2019, на Блесок: https://www.blesok.mk/mk/блесок-изданија/блесок-бр-123[мртва врска]).

• Димоски, С. (2018, 04.12.). „Горан Стефановски – во броеви, букви и бронза – накусо“. Пристапено на 15.08.2019, на https: // www. mkd. mk/kultura/teatar-i-film/goran-stefanovski-vo-broevi-bukvi-i-bronza

• Смилевски, Г. (2015, н.д.). „Просторот/местото во драмите Казабалкан, Евроалиен и Хотел Европа од Горан Стефановски“. Спектар 66: 83-97. Пристапено на 08.08. 2019, на https://www.ceeol.com/search/viewpdf?id=522803). PDF

• Стефановски, Г. (2016). „Sir Tom Stoppard in Coversation with Goran Stefanovski“. (2016, 25.01.) Пристапено на 28.08.2019, на https://www.youtube.com/watch?v=ZACKt4_Ds1o

• Стефановски, Г. (2018, н.д.). „Искрата што се измолкнува“/“The Spark Which Escapes”. Светскиот конгрес на Меѓународната федерација за театролошки истражувања (IFTR) Белград, главен говор. https://www.iftr.org/media/3397/iftr-world-congress-belgrade-2018-[мртва врска] program.pdf

http://manu.edu.mk/clenovi_nadvor/горан-стефановски/ Архивирано на 20 јануари 2020 г.

• „Горан Стефановски“ http://mactheatre.edu.mk Архивирано на 2 март 2021 г.http://www.ftn.uns.ac.rs/1664329022/broj-izvestaja--01-1129-1-od-20-04- 2018--godine)

• Стефановски, Г. (2016). „Sir Tom Stoppard in Coversation with Goran Stefanovski“. (2016, 25.01.) Пристапено на 28.08.2019, на https://www.youtube.com/watch?v=ZACKt4_Ds1o

• Стефановски, Г. (2018, н.д.). „Искрата што се измолкнува“/“The Spark Which Escapes”. Светскиот конгрес на Меѓународната федерација за театролошки истражувања (IFTR) Белград, главен говор. https://www.iftr.org/media/3397/iftr-world-congress-belgrade-2018-[мртва врска] program.pdf

http://manu.edu.mk/clenovi_nadvor/горан-стефановски/ Архивирано на 20 јануари 2020 г.

• „Горан Стефановски“ http://mactheatre.edu.mk Архивирано на 2 март 2021 г.http://www.ftn.uns.ac.rs/1664329022/broj-izvestaja--01-1129-1-od-20-04- 2018--godine)

Интервјуа

уреди

• Стефановски, Г. (1992, 09.01.). „Горан Стефановски: Снежана и двете џуџиња“ (со И. Руси и С. Ордановски). „Пулс“, 18.

• Стефановски, Г. (2005). „Горан Стефановски: интервју во 'Актуел'“ (со Е. Евтимова 2001). Приказни од дивиот исток. Скопје: Табернакул. 132.

Наводи

уреди