Еколошка катастрофа на Младост (езеро)
'Еколошка катастрофа се заканува на Младост (езеро) или познато и како Велешко езеро во 2024 година. Во водата во вештачката акумулација на езерото „Младост“ кај Велес, големи количини фекалии помешани со алги пливаат во велешкото Езеро Младост [1]и ја покриваат скоро половина од површината на езерото.
Опис
уредиЕзерото Младост се соочува со еколошка катастрофа и е акумулација која умира и покрај известувањето на Општина Велес за одличниот квалитет на водата добиен од испитувањата од страна на лабораторијата ФУД ЛАБ ДОО како и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес во 2024 година. На барање на Општина Велес се извршиле испитување на водата на велешко езеро „Младост“ од овластената лабараторија „ФУД Лаб“ од Скопје. Тие констатирале и на 10 јуни 2024 година изјавиле дека на три места – Градска плажа, Хотел „Романтик“ и кај бродот „Панини“ има добри резултати за површинската вода и микробиолошка и хемиската анализа, додека анализата на површинската вода на плажата кај Ресторан „Бела вода“ покажале добри хемиски резултати а микробиолошката дека имало фекално загадување. Испитување извршиле и од Центарот за јавно здравје Велес, на две плажи Градска Плажа и кај Хотел „Романтик“. Нивните резултати, по анализите од месец јуни, се дека површинската вода на овие две плажи е добра и се препорачува за капење. Но очигледно било дека нешто се случува со водата во езерото. На барање на Јавното Претпријатие за водостопанство „Лисиче“ Велес, кое стопанисува со водата на езерото и врши редовни испитувања на квалитетот на водата побарале дополнително испитување на квалитетот на водата од ЈНУ Хидробилошки завод Охрид за испитување на физичко-хемиски, микробилошки, фитопланктонски и зоопланктонски анализи од акумулацијата Младост. Стручен тим од неколку доктори на науки во извештајот на Хидробилошки завод Охрид се потенцирало дека класификацијата е направена според европските директиви и најновата класификација дадена од експерти за микробиологија од Унијата. При анализите на водата е констатирано дака примената кај добиените резултати од овие истражувања покажува дека водата од сите локалитети на езеро „Младост“ е со фекално и органско загадување. Според заклучокот на овој извештај квалитетот на водата од езерото Младост е со лош квалитет (IV и V класа). Тие изјавиле дека посебно е загрижувачко присуството на вкупните колиформни бактерии и индикатори на фекално загадување за цело време од истражувањето на сите локалитети на езерото вклучувајќи го и Отовичкиот залив каде Отовичка река се влива во езерото кои укажуваат на антропогено – човеково влијание врз овој дел од акумулацијата. Стручњаците од Хидробилошки завод заклучиле дека акумулацијата езеро „Младост“ умира, бидејќи нема дотур на вода од Отовичка река која е сува, а што би влијаело на подобрување на квалитетот на водата во езерото. Според уредбата за категоризација на водите, квалитетот на водата о езерото „Младост“ е со лош квалитет и е во 4та и 5та класа. При увидот на лице место тие по испитувањата на водата констатирале дека: „Во езерото има масовен развој на алги, а со изумирање на алгите доаѓа до разградување на мртвата маса за што се троши големо количество кислород, што за жал доведува и до изумирање на животинскиот свет во езерото Младост“.
Стручњаците од Хидробилошки институт од Охрид за надминување на лошите состојби и спас на Велешко Езеро препорачуваат да се врши механичко отстранување на наслагите од алги, како и мртва растителна маса која плови на површината на водата, а со што се оневозможува збогатување на екосистемот со органски материи и нутриенти при разградбата на органската материја. Од Хидробилошки институт Охрид препорачале дека е неопходно итно механичко чистење, односно отстранување на конгломератите кои се наталожиле на дното на акумулацијата во езерото со багерирање. Посебно препорачале да се изврши снабдување на акумулацијата со свежа вода. Директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски на 30 јули 2024 година, на прес-конференција,[2] ги презентирал податоците од анализата на водата на езерото Младост. Резултатите се совпаднале со резлтатите на Хидробиолошкиот институт од Охрид и покажале дека фекалии се влеваат во велешкото езеро и покрај тоа што функционира дел од колекторскиот систем.Водата во езерото не се препорачувала за капење и рекреирање и дека загаденоста на водата е од 5 степен. За чистење на езерото самоиницијативно се организирале пет велешки здруженија,[3] риболовци, екологисти, поранешни бригадири и активисти на Црвениот крст и извршиле чистење на велешкото Езеро „Младост“ и собрале над 25 тона од овие непознати за нив штетни материи кои биле натрупани кај Отовичкиот залив на велешко езеро „Младост“.[4] Тие со финансиска подршка од Општина Велес[5] и хотелите покрај езерото, собраниот отпад од езерото во цистерна со над 25 тона го однеле во Биогасната станица кај село Сарамзалино. Од „Вила Зора“ за МИА најавиле дека ке има и следни вакви акции во наредните викенди за што дополнително ќе ја известат јавноста. Екологистите претпоставуваат дека на велешкото езеро „Младост“ има наталожено околу 300 тони вакви материи кои имаат штетно влијание на опстанокот на растителниот и животински свет во езерото.
Причинители за загадувањето
уредиЕкспертите претпоставувале дека загадувањето на водата во езерото е последица од околните населби кои не се приклучени на водоводната и канализациска мрежа. Од страна на инсекторатот била утврдена неодговорност на Општината со неовозможување на инфраструктура за одведување на отпадните води при издавање на одобрение за градби, дефект на колекторот при извршување на градежни работи за кој Општината и ЈКП Дервен направиле увид но не изготвиле никаква документација биле само дел од неправилностите кои биле утврдени од страна на ДИЖС.
Галерија
уреди-
Поглед на езеро „Младост“ пред загадувањето
-
Еколошка катастрофа на езеро Младост
-
Еколошка катастрофа на езеро Младост Велес
Надворешни врски
уреди
Наводи
уреди- ↑ „Велешкото Езеро Младост го убиваат десетици тони фекалии“. 2024-08-02.
- ↑ „ДИЖС: Езерото Младост е загадено и опасно за здравјето“. 2024-07-30.
- ↑ „Велешките невладини се здружија за да го заштитат езерото Младост“. 2024-07-28.
- ↑ „Телма репортажа: Изумира Велешкото езеро - се гуши во алги измешани со фекалии, а брегот смрди на сулфур“. 2024-07-29.
- ↑ „Јавното Претпријатие "Лисиче" Треба Да Се Грижи За Квалитетот На Водата На Езерото Младост, Вели Градоначалникот На Велес Колев“. 2024-09-03.