Еколошка акција за собирање на ПЕТ амбалажа во Велес

Еколошката акција за подигање на екосвеста кај граѓаните се реализирала на 26 јуни 2019 од 10 до 13 часот  за собирање на пластични шишиња од училиштата  и граѓаните во Велес.[1]

Опис

уреди

Еколошкото друштво „Вила зора“ од Велес  во општинските училишта  доставиле дваесет нови жолти метални контејнери за ПЕТ амбалажа и на фреквентни локации каде граѓаните ќе можеле  да ја одлагаат ПЕТ-амбалажата.

Во Македонија годишно на пазарот се создаваат околу 14 000 тони пластика. Навистина е голема штета изјавиле до јавноста екологистите што само мал процент од пластиката се рециклира во Македонија. Од речиси 14.000 тони пластика што се создава годишно на пазарот во земјата, се рециклираат само 19 проценти односно околу 2.600 тони. Со рециклирањето тие на граѓаните им објасниле дека се намалуваат количините на пластика на депониите и загадувањето на почвата, подземните води и загадувањето на воздухот.


Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес, во соработка со Институтот за комуникациски студии, а во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, на  26 јуни (среда) 2019 година, со почеток од 10 до 13 часот, биле реализирани еко-акции за собирање на собраната ПЕТ амбалажа на неколку пофреквентни локации во централното градско подрачје на Велес.  Во оваа еко –акција активистите на „Вила Зора“ ги чистеле и  деловите на градот каде што имало поставено контејнери  кои биле наменети за ПЕТ амбалажа и  делеле платнени торби за собирање на пластични шишиња на граѓаните од Велес.

Настанот покрај еколошката имал  и едукативна цел.  Активистите на „Вила Зора“ во кампањата за подобра животна средина „НеИгнорирај !Реагирај!“ која била финансирана од Британската амбасада во Скопје, успеале да ја заинтересираат и информираат поголем дел од јавноста во Велес и да ги поттикнат за собирање на ПЕТ амбалажата во поставените жолти контејнери.

Во оваа кампања која била претходно најавена и во сите општински училишта  за собирање на ПЕТ амбалажа се спровела акцијата за собирање на собраната ПЕТ амбалажа. По спроведената еко-акција биле доделени и наградите на најеко  училиштата, за собирање на ПЕТ амбалажа.  Како награди им биле врачени спортски топки за кошарка, ракомет, фудбал, одбојка и сл.

1 место...ООУ „Блаже Конески“[2]

2 место ООУ „Рајко Жинзифов“[3]

3 место ООУ „Васил Главинов“

Оваа кампања била доста успешна и во подигнувањето на свеста кај младите и граѓаните кои и во наредните години биле се поактивни во собирање на ПЕТ амбалажата во поставените контејнери кои редовно биле празнети и амбалажата се носела на рециклирање.

Оваа активност за собирање на ПЕТ амбалажа и картонска амбалажа ја подржале во наредните години и од ЈКП „Дервен“ од Велес. Тие во вечерните часови вршеле и одделно собирање на картонска амбалажа од трговските објекти.  За таа цел било ангажирано и возило кое вршело само собирање на картонска амбалажа директно од пред трговските објекти во градот. Продажбата и откупот на целокупната стара хартија и картон која ќе  ја собереле се предавала на  фирма која ја откупувала. Од  Општина Велес изнеле податоци до јавноста дека неколкукратно било зголемено собирањето на картонската амбалажа и ПЕТ амбалажата во Велес.

Локалната власт до Советот на Општина Велес  ги изнеле следниве податоци за количеството на  собрана  картонска амбалажа  54.255 тони во 2017,   47.640 тони во 2018 година,  24.590 тони во 2019 а во  2020 година 77.192 тони, во 2021 година  77,2 тони.

Количеството пак на ПЕТ амбалажа кои биле собрани во Општина  Велес на почетокот било скоро симболично за во 2020 да биде многу пати зголемено. Тоа се движило од  2.4 тони во 2018 година, 5.06 тони во 2019 година и   25.875 тони во  2020 година, 25,6 тони во 2021 година.

Од Општина Велес во соопштение до јавноста изјавиле: „Не радува фактот што количините на одложен комунален отпад на депонија се намалуваат што подразбира дека селекцијата на ПЕТ и картонска амбалажа почнува да функционира“ во Велес.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2024-09-11.
  2. „Search Results for "За викенд пластика собери, во понеделник в училиште прибери" – ООУ„Блаже Конески" Велес“. ООУ„Блаже Конески“ Велес (англиски). Посетено на 2024-09-11.
  3. „Велес се чисти од пластичен отпад, сепак за „селектирај и рециклирај" потребно е поголемо внимание и ангажман во заедницата - ДУМА.мк“. 2024-04-23. Посетено на 2024-09-11.

Надворешни врски

уреди